негов (прид.) - посестрима (имн.)

Белите бечви со црни гајтани, долгата козинава сакма и под неа кусата манлихера; убавите нови јанински опинци наполно одговараа на добро спремен четник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Гроб, гроб за ваа кучка шо не сака да го слуша Толе Паша! — нареди Толе да се копа гроб за Гурѓа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море, мирни калуѓери и на Велипеток прасе јадат; било та се рекло — одговори Јован и го ослободи Толета дека збор нема да испушти по однос на неговата посестрима Митра Брлева, што ја остави пред две три години во Софија, а која се врати и настојува да тргне со него како негов четник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море, како така, бацко Толе, ами роднина сме! — почна да се брани Ѓурѓа, знаејќи ја Неда како негова посестрима и расипана девојка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)