негов (прид.) - порака (имн.)

За Бојс, само по разбирањето на односот помеѓу слободата на поединецот и општеството е можна вистинска слобода.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа е значењето на неговата порака.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој не ја прифати вината за војната.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Додека беше жива, Мајка сама го вардеше последниот распоред на Татковите книги, како негово свето присуство низ кое не престануваа неговите пораки.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Неговата порака беше јасна. Некој треба да ја продолжи потрагата по сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
262 Во однос на ова шефот на британската воена мисија Bethesda на 7 октомври ќе го извести Force 399 дека неговата порака испратена до Германците била само со цел да се иницираат преговорите меѓу Германците и македонските партизани кои според него не биле “прифатливи за Германците без британска интервенција“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Всушност, тоа некако му дојде како одговор на последната негова порака, од пред две недели.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
(9) Направен е во потполност од сперма која несомнено му припаѓала на самиот Дишан; една трогателна и брилијантна порака за жената која ја сакал, но знаел дека не може да се ожени со неа (таа веќе била мажена и била мајка на три деца).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не е проблематично дека Дишан во ова дело сакал медиумот да биде истовремено и негова порака.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Овие имаа обичај да им пријдат на оние што изгледаа дека му се наклонети, на пример се чешлаа како него; „Која е неговата порака?“ - нервозно прашуваа, „Што сака тој?“
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Се поднасмевна, задоволен од она што го прочита – ракописот беше читлив, а зборовите јасно и верно ги пренесуваа неговите пораки, токму онакви какви што му беа во главата додека ги запишуваше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ја разбрав неговата порака, се преруштив во потрага по неговата француска врска, веројатно таа ќе заврши во нова книга од мојата балканска сага, ќе биде тоа еден вид метаморфоза на француските книги од неговата библиотека во нова книга, во продолжена книга, во жива книга...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Имав чувство дека сум открил некакво ново значење, ново време на татковото низ моето враќање во Цариград и сум ја предал неговата порака на други автори слични по судбина и ориентација.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Братот на директорот на издавачката куќа во желбата да го ослободи од необмислените предрасуди го известил Милошевски дека неговите пораки не држат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Си спомнуваш, Хајлендер се викаше еден филм што пред две години заедно го гледавме ја и ти, но тогаш ти беше мал за да ја разбереш неговата порака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Прогресот по себе е прифатлив, но кога ќе се манипулира со неговите пораки, кога погрешно ќе се накалемат идеологиите, тогаш несреќата е логична последица...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Имав чувство дека неговите пораки ги следат одамна пуштените на слобода звуци од инструментот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)