негов (прид.) - писмо (имн.)

Повеќето негови писма се самодоволни.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
-11.12.1965), а потоа праша дали би сакал да напишам текст за каталогот, додавај­ќи “Вашиот текст ќе биде атрактивен како, да речеме, Поддршката на Џеклин Кенеди на градоначалникот Линдзи”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се запознавме во Дармштад 1958 година.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој беше длабоко внесен во тајните на староотоманскиот јазик и на неговото писмо.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Љубезниот Хардиг Карел ме водеше од еден до друг експонат, ме вовлекуваше во животот на Гете, ми ги покажуваше првите примероци на „Фауст“, оригиналните манускрипти на Гете, некои негови писма до татко му, до неговиот секретар, додека бил министер во Вајмар и, така, неусетно ми се употполнуваше претставата за животот и делото на големиот Гете...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој, навистина, му пишуваше на Али Фети, токму во времето кога тој беше министер за внатрешни работи, непосредно пред да биде испратен во заточеништво од англиските окупатори на островот Малта, но Татко не веруваше дека тој некогаш го примил неговото писмо пишувано со младешка жар и искреност.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И никој тогај нема да помисли, никој да поверува дека некој го следел нивното вљубување и го запишал: неговото писмо ќе биде прекрасниот килибар кој ќе блесне на градите на идните девојки.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Другата наративна линија му припаѓа на гласот на Симоновата жена Агна, чии размислувања/белешки стануваат своевидни одговори на неговите писма/извештаи кои истовремено можат да бидат и исповед и приповед, и дневнички белешки, и самиот ракопис на делото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За спорот никогаш не се обрати, ниту пак побара помош од правната служба на СОНК. 64 Бидејќи неговите писма и барања упорно беа игнорирани –  Митревски, во текот на месец јануари 2007, конечно покренува судски спор за враќање на работа пред надлежениот Основен суд – Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со оглед на тоа што не доби повратен писмен одговор, тој се сомнева дека установата и Министерството за култура, како што истакнува, „имаат интервенирано со цел пријавениот случај никогаш да не биде исконтролиран“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
МЕШАЕВ ВТОРИ: Доколку јас сфатив од неговото писмо, госпоѓа Опојашина е литераторка?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ќе ме полаза пајаче и јас веќе знам дека некое негово писмо ме бара по адресата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа беше одговор на неговото писмо.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Нели тој во неговото писмо, што стигна одамна, ја повика.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Што му одговорија неговите родители на тоа негово писмо?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Јас, всушност, почнав да размислувам за привлечноста на неговите писма и за тоа што насекаде зборувал на кој начин би ме земал.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Овде? му покажуваше на чичко Илјо девојката од неговите писма и не го тргнуваше прстот од зеленото катче на макетата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Откако безброј пати повторно се обиде да ја види Марија, Сатурн ги презеде сите возможни и невозможни мерки за да го добие таа неговото писмо, но и тоа беше залудно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пред да замине од Барселона, ѝ ја оставил полумртвата мачка на некоја девојка, која ја презела обврската и понатаму да ѝ носи цигари на Марија. Но, и таа набрзо исчезна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)