негов (прид.) - опстанок (имн.)

И сега, во оваа голема, подвижна, таткова библиотека, во крстопатот на водите кои поврзуваа река, езеро, море и океан во еден пат, во најубавиот пат на планетата Земја, во патот на јагулите, имаше судбинско значење за семејството, за неговиот опстанок, продолжување.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Овој руски емигрант, кој во Езерото си ја откри својата дефинитивна татковина, сакаше со откривањето на мистичниот пат на јагулите и на неговиот опстанок, да им ја упати својата последна порака на луѓето од овој крај, на човештвото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Пријатно беше да се размислува за претстојната средба со дедо Иван, но во својот прв ден во колибата Бојан мораше да размислува и за нешта кои бараа разрешување и од кои зависеше неговиот опстанок, опстанокот на триесетината овци, на говедата, кучињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)