негов (прид.) - нога (имн.)

Така мина околу половина час.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Најпосле старецот се стресе и стана; момчето, мртво, лежеше крај неговите нозе.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Ќе дојдат! –одговори Кире додека под масата и ја бараше ногата, за да ја потфати со неговата нога...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ја отвораше како падобран и дозволуваше со неа да лебди, та можеше со леснотија да се препушти на висината која се простираше пред неговите нозе.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тој чувствува дека не смее да ѝ пушти на волја на онаа сила спотаена во неговите нозе, што просто моли да се одврзе, да зафучи, така што само лево и десно да папотат полите од палтото.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Го изарчи и последниот фишек што го чуваше за себе. Му го „подари" на чаушот од кој овој падна на плочата пред самите негови нозе. Co пушката за цевка рипна трипати по плочата и се најде пред десетина штикови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Офна силно и се фати со двете раце за двете слабини во кои веќе беа закачени два штика.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Трепкањата на рецките на плочникот под неговите нозе одминуваа незабележано и понесувајќи го.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се чувствуваше мирен и опуштен, со исклучок на рамномерните удари на болка во неговата нога и биењето на неговото срце.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Болка како штракање со забите, но слатка, му проструи низ вратот и низ рбетот, сѐ до препоните, а телото му се грчи од задоволство.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ги става своите раце врз неговите нозе и го смирува, потоа стилизирано и таинствено го подигнува и го крши вратот на момчето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Веднаш ќе си се врати во Ресен и веќе никогаш нема негова нога да пречекори во Охрид...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Еднаш дури се подлизна, еден мал дел од карпата се одрони под неговата нога, но тој се задржа со рацете.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И Караман се привлече и легна до неговите нозе, ставајќи си ја главата на шепите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Трепкањата на рецките на плочникот под неговите нозе одминуваа незабележано и понесувајќи го.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Белиот ангорски мачор дискретно се почеша од ногавицата на неговата нога и, седнувајќи на бутовите, се смести пред нив.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сукњата е тука, опашана преку слабините, и го покрива до потколениците.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но, материјалот на сукњата е ретко ткаен и нешто се подназира помеѓу неговите нозе.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во калта, крај неговите нозе, лежеа неколку гипсени мадам-помпадури.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Грстот песок крај неговите нозе само за миг ќе потемни од палавата капка мастило што бегајќи од перцето веднаш се впива во ненаситените усни на песокот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Снегот поткрцна под неговите нозе кога потцупна во место за барем малку да се стопли. X.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сега, неколку секунди по будењето, виде дека неговите нозе се движат и дека тие така сами се движеле додека спиел.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Среде темнината и студот на ноќта во која тој сѐ уште чекореше, оти сега и топлата селска куќа беше исто толку далечна колку и сеќавањето, тие нејзини гради светнаа за миг, побели и помеки од снегот под неговите нозе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога за момент го тргна погледот од папирусот, сфати дека надвор веќе паднала ноќ.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога потоа го испратија во Ерусалим кај Гамалиел, седнат крај неговите нозе, тој продолжи на истиот начин, упорно, вредно, дури и заслепено, да слуша, да чита и речиси фанатично да ги впива сите негови поуки.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сега стоеше на прозорецот и го сеќаваше со целото тело блиското живинче во неговите нозе како стои со исправена глава и исто како него загледано во прозорецот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јаренцето дури сега престана со своето палаво поигрување околу него, со онаа свое скокаркање во неговите нозе, со кое го прогонеше сето време.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тропаше долу, ниско, во неговите нозе. Беше некој.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Многу лесно тоа можеше да биде неговата нога, неговата натколеница, беше среќен што не беше таа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше готов да се отпушти и да легне во меките пилотини во неговите нозе, да си ги запрета во нивната мекота сите болки по своето исцрпено тело и така сосема да исчезне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И тој речиси чу како веднаш зад неговата нога, веднаш до неговата натколеница, просвире остриот заб на она виорно понесно самјачиште.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги гледаше неговите кревки увца и неговите очички, и оние четири тенки како чапарушки и растрперени ноженца, ја гледаше сета таа чудесија од кревкост и невиност, со нешто многу од тревките во себе и со секој миг сè посилно знаеше дека таа дива ноќ не можеше да биде во состојба ни да измисли друг повистински гостин, што би можела да му испрати за да го зарадува во неговата самота, од овој, што беше сега тука, во неговите нозе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тука, пред него и во неговите нозе стоеше јазот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко му налегна на јадењето, а од тоа не можеше да го одели вниманието ни сето врашко скокаркање на немирното срнче во неговите нозе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Едно сиво клопче просто се стркала во неговите нозе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стапи на нешто што се скрши под неговите нозе. Некој весело опцу.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Собата е на горниот кат, над кафеаната. Скалите крцкаат под неговите нозе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Лежејќи врз него, Павле му ја држи устата, а Иван седи врз неговите нозе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Неговите нозе се нозе на сите луѓе. Не е сам, не е сосема напуштен и сам.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо претпазливо ја гази сенката која не се откинува од стариот како да е фатена за неговите нозе и му пречи да зачекори пошироко.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На земја го испуштија неговите нозе. Јона, човекот мој. 214
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Благо, без тежина, тој му го поклопил на видовникот едното рамо со дланка и му рекол да не се спротивставува, да легне на грб пред неговите нозе, да остане без отпор пред ножот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Трет од Јаковиот род, Никанор Набожник, самоповикан псалтик, таен учител, неграмотник во лита мантија, всушност пребојадисана дервишка антерија, со секира му исекол рака на некој Черкез, џамбаз и измамник, и избегал на планина, таму по еден Божик да го расчеречат во свадбарски занес прегладнети волци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги преврзувале при слаба светлост на запален куп смреки и габерови гранки и ги храбреле низ ѕвечави заби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Трет нивни мртовец, рекол во себе давајќи му некое посебно значење на броењето небаре потоа полесно ќе можел да пресмета колку живи останале на целата човекова земја, но веќе сметката се менела: видел како паѓа уште еден од последен истрел во таа битка и видел како двајца од две страни со неприфатливо исти движења и исти искривени лица збрцуваат еден во друг презашилени алатки на смртта, едниот сличен на мртовецот пред неговите нозе, другиот неповторливо сив и влакнест, со обетка на увото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тој имал моќни очи и можел без милосливоста на месечината да го види меѓу сите видовитиот Дмитар-Пејко и да дојде до него додека ја сечел со џбиткавоста толпата што полека се стивнувала, чиниш и се предала на судбината во многубожечко исчекување на ново чудо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да, тој ќе стори нешто, Јаков не останувал должен, ќе капне крв пред неговите нозе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Онисифоре, слабо повикувал Чучук-Андреј; две сенки се веднеле над неговата нога.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја кренал здрвената рака забигорена до самото рамо и најпосле, како со туѓ показалец, го повлекол железното јазиче на кубурата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред него трепери сенка на еден од двајцата и, долга како кутнато стебло, минува преку неговите нозе за да се влее во темнината како река в недогледно море.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога тоа се лизнува крај неговите нозе, тој не се ведне да го крене.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зар и јас ќе бидам фрлена и изгазена под неговите нозе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На подот, пред неговите нозе, залеше темна бубачка. Потем нечујно изчезна зад модра пукнатина на даските.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пред неговите нозе играа со конзервена празнотија кусоноги, кадрави близначиња до појас стегнати во црвени чорапи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се чувствуваше слаб. Од коските во неговите нозе како да остана само прав. „Ајде“, му рекоа „И биди мирен. Те чека нашиот шеф.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Азра се ослободи од тоа што ѝ остана во устата, отсекувајќи со јазикот од густото фрли полна плунка на чаршафот, го залепи левиот образ на предниот дел од бутовите на Андон кој сè уште, замижан, стоеше отпростум, го заграби со двете раце за задникот и силно го притисна кон себе, како со тоа да ја допразнуваше устата од која сѐ уште истекуваше сперма и се лизгаше по неговите нозе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Винстон остана седејќи една минута, загледан во својата празна чаша, и одвај забележа кога неговите нозе го изнесоа повторно на улицата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А сепак, истиот момент кога им дозволи на мислите да му залутаат, неговите нозе го доведоа тука по сопствена волја.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Осетив дека, обидувајќи се да ми објасни како да постапувам најдобро со јадицата, Симон се доближи до мене и се допре со неговата нога до моето колено.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
На ниски сликарски ногарки, пред кои се наоѓа фотелја (Трошчејкин секогаш работи седејќи), - скоро завршен портрет на момче во сино, со пет тркалезни празнини (каде што ќе бидат насликани пет топки), што се наоѓаат во полукруг крај неговите нозе.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Неуморно вртејќи ги педалите, неговите нозе ја избуткаа сенката надвор од четириаголникот, цртајќи широк лак од непрекинати движења врз ѕидот, и врз дел од таванот - за да лизнувајќи се низ прозорецот, како остро огнено јазиче, се пробие низ стаклото и му се врати на велосипедистот, кој веќе го напушташе кругот на куќата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Риса му ја смести главата во скутот, а Тронда неговите нозе со сета кал налепена по пантолоните и чевлите во својот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Од утре ќе ја забравам вратата, ќе ги спуштам ролетните, ќе ги исклучам телевизорот, фрижидерот, машината за перење, ќе ги изгорам фотографиите, писмата и сите останати продукти на хуманизираната носталгија, ќе се соблечам и... ...во мракот, во молкот, ги начулам ушите, пуштам да ми се провлече 'ржењето низ грлото, нечујно газам по тепихот од трева, бршлен, од мравки и изгниени коски на жртвите, ги насетувам, од другата страна на решетките, преплашените контури на полуќелавите, бледи чиновници, го одбирам најмалиот, најизгубениот, веќе му го распознавам лицето што со мазохистички грч се ѕвери во мене, со побелените прсти го стиска работ од канцелариската маса, врз која лежи расфрлена хартија, избраздена со црвен фломастер, немарно се испружувам, токму до неговата нога, загризувам силно, под платното на пантолоните, под епидермот, но не дозволувајќи му на сечивото на забот да оди подлабоку, заплачува додека со јазикот нежно минувам по ранетото место, сѐ уште воздивнувајќи од болка го зграпчува црвениот фломастер, нервозно зачкрипува по хартијата... волшебниот лет на шарената топка или повеќезначност на современиот театар ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Потоа, се разбира без потреба, го придржа и да слезе, но така што својата голема дланка ја задржа од внатрешната страна на неговата нога, по бутината.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога Едо стапна на душемето таа му беше во прегратката, со раката меѓу неговите нозе...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога мачката протрча крај неговите нозе и се изгуби на улица, напнатоста од рамото се спушти на нозете.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
На речниот брег песокот чкрташе под неговите нозе, оној песок што беше некогаш издробено сонце.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Усвитеноста се расползи од прстите на неговите нозе, па преку глуждовите, сѐ до колениците.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Под неговите нозе, на патосот од автомобилот лежеа неколку револвери, пушки и шипки динамит.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А следното утро, 69 на појадок ќе фрлам поглед кон подот и ќе го видам малиот црн куфер покрај неговите нозе додека го мачка путерот на препечениот леб, а Мама не станува од креветот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во таа вечна трка некое одамна избледено искажување, што му го дофрлил некој делегат во Собранието, дури во овој момент му заличило на полна чаша отров плисната пред неговите нозе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Жолта рачка како неговите нозе, а неговите бели крилја го прават чадорчето...
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Одеднаш, осата долета право пред неговите нозе, а збунетиот Фигаро – пап! – ја поклопи со муцунката.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Со грчење на ножните прсти можев да ги придвижам неговите нозе, а секогаш кога тоа ќе кимнеше со главата, јас неодоливо посакував да скокнам.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
- Аман, што ѝ направи па сега? - го повиши тонот свекрвата и ме погледна зачудено.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ајде, едно крилце барем. Добро е за тебе, - го слушнав гласот на Дино како да доаѓа од некоја длабочина и ја почувствував неговата нога како под маса ме подбуцнува пред лажицата полека да ми црпне едно крилце со налепен масен ориз.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Веднаш до неговите нозе сѐ уште зјае во мракот големата уста на гробот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)