негов (прид.) - народ (имн.)

Низ нив беше можна успешната потрага не само по неговото време и по неговите предци туку и по времето на неговиот народ, на балканските народи, кои минаа пет векови под Отоманската Империја...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Водачот, со јасно историско чувство за првата држава на неговиот народ што се формираше на овие простори по Втората светска војна, веруваше дека таа, колку и да беше резултат на геостратешкиот расплет и на согледбите на федералниот водач, мораше да ја шири вистината за својата земја и за својот народ и врз автентичните сведоштва од изминатите векови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Еден политичар вреска дека неговиот народ не е исплашен туку лут, друг бара да загинат по милион луѓе од обете страни за работата „еднаш засекогаш” да се реши, трет вели дека е подобро народот да му се наоѓа во состојба на вооружен екстремизам отколку во летаргија, како тие две состојби да се единствените можни состојби на човековото постоење.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ни треба интелигенција со јасна свест за моралниот долг на човекот пред неговата татковина и неговиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најголемиот дел од овој роман, всушност е дијалог, и тоа во Платоновата смисла на зборот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сведена е на односот на двајца врвни интелектуалци, од две различни конфесии (што е типично за Балканот) кои поседуваат огромни библиотеки, во кои се крие клучот на историската проклетија на полуостровот од мед и крв: неговите народи да живеат едни крај други, а во вавилонски клуч да не се разбираат едни со други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко се прашуваше дали некогаш ќе престане јаничарската судбина на неговиот народ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имаше во таа негова запршка разни лути зачини: еден дебел камионџија што се заканува секому што ја оспорува историската вистинитост на неговата вера, еден ѓоа-научник што ги учи децата дека луѓето и диносаурусите се создадени во ист ден, една згодна девојка што смета дека Бог ги мрази педерите, еден пастор што намлатил дебели пари од продажба на своите молитви на ДВД, еден американски сенатор што верува во доаѓањето на Судниот ден кој ќе потепа пола човештво, еден протестантски проповедник што е убеден дека хомосексуалноста е болест, еден рабин што го толкува Холокаустот како заслужена небесна казна за неговиот народ, еден арапски музичар што се залага за верските права на муслиманите вклучително и правото на ликвидација на бласфемичарите, една мајка што ги убила своите деца затоа што Бог така ѝ наредил, еден оџа што попува дека света задача на неговата религија е истребување на неверниците, неколку мормони што веруваат дека луѓето со поинаква боја на кожата се грешни, разни исламски маченици што вршат самоубиствени акции, колони христијански фанатици што паѓаат во фанатичен транс, неколку Евреи што трескаат глава од ѕид, неколку претседателски кандидати што не веруваат во теоријата на еволуцијата...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Во неговите зборови го виде сето знаење кое тој, Савле, сакаше да го поседува – Стефан зборуваше за Аврам, за Мојсеј, за историјата на неговиот народ, од збор до збор ги цитираше книгите на пророците, за на крајот да ги спомене Давида и Исаија и веднаш до нив Него – оној што го распнаа и за кого неукиот народ по улиците шепотеше дека е Месијата, Праведникот кој дошол како што било претскажано.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Црквата екна, офнаа иконите, се затресе олтарот - така му се стори на попот Ставре кој сега немаше друга моќ во себе освен да се предаде на семоќниот водител негов, оној што го тешеше, ама и го туркаше од немило до недраго, како и сиот негов народ.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Потоа го следи вековното ропство на неговиот народ во Вавилон, далеку од татковината и запустениот храм, таму, на реките вавилонски...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Потоа новите жртви на неговиот народ натеран на нови селидби и на светско расејување што продолжило и наредните векови од новото време.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Махмуд Дарвиш беше свесен дека пред себе нема љубопитен новинар кој би го искористил неговото присуство за ексклузивно интервју туку човек, писател и поранешен дипломат кој ја споделува на еден посебен начин судбината на неговиот народ, како дел од човековата судбина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Вие го напуштивте во 1993 година не согласувајќи се со договорите од Осло...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Многу години пред да го напише „Мојсеј и монотеизмот”, брат ми со мајчиното млеко ја вцица и горкоста на изгонетите од земја во земја, на проколнатите заради различната религија и различното потекло, на горените на клада заради тоа што оние другите, кои се сметале за правоверни, со векови лажно ги обвинувале дека фрлале отров во бунарите, дека предизвикувале чума, дека правеле договори со ѓаволот; уште со млекото на нашата мајка тој го имаше примено во себе тој горчлив вкус.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го направи тоа тогаш кога му требаше поткрепа на неговиот народ, тогаш кога крвта која течеше низ нашите вени потрепери од ужас од каков што трепереле нашите претци.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И сега, кога Татко беше во зенитот на својата потрага по старите отомански документи во кои се сокриваше тајната на идентитетот на семејството, во потрагата по ракописната Атлантида во која се криеше историјата на заминатите и исчезнатите на неговиот народ и другите народи на Балканот под отоманска власт, се префрлуваше во потрагата по природните закони во откривање на еволуцијата на живите суштества во Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко чувствуваше дека ќе може да му ја довери на овој град судбината на своето семејство, посебно на него­вите деца кои овде можеа да учат во добри училишта, а со надеж дека, еден ден, ќе се кренат и границите што го делеа од неговиот народ.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)