негов (прид.) - можност (имн.)

Тоа е чувство на блаженство, бидејќи созареала неговата можност да се оплоди.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во Кина и Индија, женските деца често ги удавуваат веднаш по раѓањето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дезени на преживеани години на глад се изгравирале врз нервите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тие се диви и го согледале тоа, со неговите можности и неговата цена.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во снегот од нив остануваше само клопче чад. Но, неговите можности одеа само дотука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега сета суштина на неговото постоење беше само во тоа да не го изгуби од пред своите очи тој идеално направен круг во небото, а низ неговата крв и низ сите негови можности да чувствува наеднаш му се будеа сите богови со нивните усвитени кораби, сите бели атови и нивните боговски колесници, сите затрчани младичи со факели и сите Сончеви Мајки, што го чекаат тој морен патник зад првиот брег, да му постелат и да го нахранат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но таа се префрлуваше во едно: ги познаваше неговите можности, не ги познаваше неговите желби, а во нив се криеше неговата сила.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)