негов (прид.) - минато (имн.)

Но, во еден период, додека работеше во судот, пред самото откривање насиџилите, кога и материјалната и работната позиција многу му се нишаа, во времето кога ја одби и последната можна понуда да стапи во Партијата, кога одново започна да се пребарува во неговото минато, тој мислеше дека само еден Орден, дури и од најнискиот ред, ќе може да му ја измени позицијата, да им отвори добри перспективи во школувањето на постарите деца кои ги ориентираше кон средните стручни училишта, што поскоро да се здобијат со свое парче леб.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Од онаа вечер, кога седевме на клупата и тој прозборе за неговата болка, многу често ми зборуваше за неговото минато... за неговиот поранешен живот...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Покрај сите тие работи кои ги поминав со тој човек за толку кратко време, покрај сите работи од неговото минато што ги знаев за него, јас поминав преку тоа, му простив за сѐ.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Исто е со минатото на било кој човек, неговата личност е неговото минато.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во неподвижниот негов разум не воскреснуваше ништо друго освен неговото минато и тој се иправи и седна крај прозорецот на крцкавиот кревет натопен со семожни мириси на грев.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Како што можеше да се заклучи од разговорите, за луѓето од овој крај тоа негово минато претставуваше нешто како легенда.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Никогаш ми немате спомнато дека тогаш и вие сте биле кај нас со партизаните.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
По подолг разговор за селото и неговото минато, го прашав свештеникот: - Оче за кого камбаната ѕвони тивко и подол?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Телото на неговата Сандра беше извор на сето негово минато за кое тој единствено знае, минато без пукнатина и иднина што знае само за среќа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога би ги видел тие нешта како низ матно стакло, можеби и би можел да се сети дека некогаш го живеел тој живот, но за него неговото минато е во потполн мрак, или пак во овој миг тој е во мракот, и светлината во која трепери неговото минато само го заслепува, место да му овозможи подобро да гледа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Меѓу ова постоење сега, и она пред тоа, како да се случила смрт која избришала сѐ што било претходно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И чудно е неговото минато.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И брат ми го затворија, поради неговото минато, поради студиите во Англија, не се знае што го чека...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, како непартиец, но и со сомневања за неговото минато кај надлежните партиски кадровски служби, кои одлучуваа за сѐ и сешто, брзо увиде дека нема никакви шанси да напредува во судската кариера, макар и само на стручен план, како експерт по шумските деликти, па откако ги откри отоманските сиџили, односно судски регистри и кадиски записи на битолскиот кадилак, кои не можеле да стигнат во централните архиви во Цариград, не се спаси са­мо од новото заминување туку ја спасуваше и нашата иднина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)