негов (прид.) - крило (имн.)

Сите заедно беа негови крила, негов воздух, живот, негово Вчера и Утре кое не го дочека.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По некое време првкањето на неговите крила запре.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Телото во миг се мушна под неговите крилја.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мачката во неговото крило се засркна и промјаука извини, на што тој невешто пушти да му испаднат неколку пцости.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во неговото крило мачка ангорка си игра со шлицот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Добар ден, - рече старецот носејќи го Роско в раце.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Се наведнав и нацртав на влажната земја авион, а на едното негово крило го нацртав за спомен Карамба-Барамба.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Не можел ништо друго да стори освен да се сокрие во шумата и да чека цел ден во најдлабокиот честар, додека новата ноќ не им ја подари на неговите крилја можноста таинствено да запливаат во небото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Таа пак, за возврат, ги преправи столиците за да бидат удобни за неговите крилја, нешто материјал додаде ваму, нешто пак одзема таму, а нештата за кои таа зборуваше беа нешта поради кои тој ја сакаше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Почнала да зборува. За еден час веќе биле стари пријатели, а за два, веќе заборавила дека неговите крилја, воопшто, постојат.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)