негов (прид.) - кревет (имн.)

Таа го граба јорганот од неговиот кревет и брзо излегува со него, грчевито стегајќи го како да гушка нешто мило, го носи во својата соба и таму паѓа со него на кревет, и плаче, плаче.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А за мене, какво ли мислење има тој за мене кога уште првата вечер отидов во неговиот кревет.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Можеби ќе помисли дека го сметам за недостоен таа слика да стои над неговиот кревет.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Александар стана од неговиот кревет и отиде до прозорецот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Кога влегле, во неговиот кревет немало ништо, освен – букви.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ина и Светлана им покажале што знаат од партерната гимнастика; еден стар човек, сегашниот нивни аѓутант, некогашен славен трапезист во циркусот, а тогашен чистач и продавач на сладоледи, се заинтересирал за нив и ги зел кај себе во приколката; ги хранел од неговата порција, а спиеле во неговиот кревет; тој спиел под ведро небо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Името му е Јанко, а јас уште го гледам зад мрежата на неговото креветче.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пополадне лежеше во неговиот кревет, покриена само со чаршав, исплакана и тапо загледана во таванот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Брат ми многу се занесува за него, а мене тоа воопшто не ми се допаѓа, оти истото име го прочитав на еден плакат што е залепен над неговиот кревет, на кој пишува „Дрогата ги уби“ и под насловот има многу сликички на пејачи и актери што умреле од премногу земање дрога.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Неколкупати, откако ќе си легнеше Карл, уште не длабоко заспан, осеќаше дека мајка му Марија се доближува до неговиот кревет и нежно, со очи полни со љубов, гледа во неговото лице...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ете, знаеше дека управата секојдневно војува со Кејтеновиот син и немаше изутрина тој прв кај него како изулавен да не налета, над неговото креветче.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Зедов едно од двете бели крпчиња кои беа оставени на масичката покрај неговиот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога мајка ми ќе ме најдеше како стојам во собата која му припаѓаше на Зигмунд, или како седам на неговиот кревет, велеше дека тој би бил среќен кога за почеток би имал една таква малечка соба за него и за Марта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Извлеков од него еден конец, го замотав онаму каде што требаше да биде вратот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дел од мојот свет исчезна со појавувањето на Марта Бернајс, исчезна мојата блискост со брат ми, исчезна и оној наш мечтаен свет уште пред да се појави, исчезна Венеција, исчезнавме и тој и јас во неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Најпосле, кутриот Акакиј Акакиевич испушти душа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Непрестајно му се појавуваа слики една од друга почудни: ту го гледаше Петрович и му порачуваше да му направи шинел со некакви си стапици за крадци, коишто постојано му се привидуваа под неговиот кревет, и тој постојано ја викаше газдарицата да го извади крадецот дури и од под јорганот; ту прашуваше зошто пред него виси неговата стара риза, кога тој си има нов шинел; ту му се чинеше дека стои пред генералот сослушувајќи го соодветниот прекор, и дека постојано вели: „Извинете, ваше превосходство!“ – најпосле, дури и пцуеше, изговарајќи најстрашни зборови, така што старата газдарица дури и се крстеше, зашто никогаш не беше слушнала од него ништо слично, дотолку повеќе што овие зборови следуваа непосредно по зборот: „ваше превосходство“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)