негов (прид.) - кариера (имн.)

Откако заврши пребрзо неговата кариера како социјалистички судија, со неговата отоманска кадиска диплома, без надеж дека ќе го бара спасот во Партијата, стануваше навистина неизвесна неговата судбина, иднината на семејството.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Случката од литерарниот живот на Канети не води кон ставот - кога тогаш во животот на писателот ќе се појави писател кој ќе го натера да молчи,а уште по убаво е ако тоа се случи во почетокот на неговата кариера.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се интересираше многу околу неговата кариера, му даваше идеи, го критикуваше да работи што повеќе и повеќе, да не се задоволува со просечноста.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Како што му појасни Дејан, можно е групата да ја формирал и самиот Петар, затоа што имал потреба од стартна точка за неговата кариера.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во возот разговаравме; тој ми расправаше за неговата кариера во циркусот и за љубовта со Ина Коленина; говореше дека во таа љубов и тој и таа влегле со некаква студена страст, и дека, во суштина, ништо не му недостигало; дека бил среќен и дека немал никаква причина да ја остави Ина, но дека сепак, решил да го напушти циркусот, и да ја остави таа жена; токму затоа што немал никаква причина, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Неговата кариера течела како да нема никаква сенка, но дојде момент, кога почна јавно да се зборува за масовните погибии без суд и за тоа кои луѓе биле егзекуторите.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Закажете ми средба со премиерот”, го моли солунскиот владика.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Зарем вака да го плукаат, зарем така ќе заврши неговата кариера?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Најсетне и тој сфатил дека бракот и сличните глупости можеле многу неповолно да се одразат на неговата кариера; дека ова можеби звучело по малку и неодмерено па дури и себично но тој бил уверен дека правилно ќе ги сфатела неговите причини бидејќи била полна со разбирање.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се разбира, знаел дека неговата одлука не е в ред, и таквата помисла многу придонесувала да се чувствува виновен, но сепак оценил дека разделбата е најдобриот крај за оваа врска.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во мигот повторно се пренесов на еден од последните разговори што го имав со францускиот амбасадор во Тунис, Ерик Руло, еден од големите познавачи на палестинското прашање, поранешен новинар на Монд и Монд дипломатик, близок пријател на тогашниот француски претседател Франсоа Митеран, именуван од него лично на високиот дипломатски пост.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој не се прослави, влезе во клинчот на внатрешните односи, односно фати страна во борбите за наследство на Бургиба и подоцна тоа се покажа фатално за неговата кариера.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дури и на почетокот на неговата кариера, 1966, ми се случи, кога купив еркондишн, човекот што го инсталираше во мојот апартман ја препозна сликата на Мерлин Монро што стоеше потпрена на ѕидот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)