негов (прид.) - карактер (имн.)

Татко кусо време работеше со Мирон Донски, но бргу ги откри особините на неговиот карактер.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Опишувајќи го во „Историјата на тајните“ неговиот карактер.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Иако не беше некој убавец, имаше нешто интересно и привлечно кај тој човек, па се заинтересирав за неговиот карактер и сакав малку да набљудувам како се однесува.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Покрај сите случки со него, имаше и една, така малку поопширна, која уште повеќе ми го долови неговиот карактер. Тоа беше случката со Елентина.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Од ова, а и од неговото обмислено и рамнодушно однесување, кое стана дел од неговиот карактер, не можеше да се види дали случајот беше сериозен или поинаков.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Му се случија две работи: се здоби со доживотен пријател и ја доживеа првата зрелосна болка на којашто не ќе сака да се сеќава, ќе ја пади од мислите како здодевна мува, но што ќе има влијание на дообликувањето на неговиот карактер.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едо не беше свесен колку добро разбра што му рече Марко, колку длабоко овие зборови вникнаа во него и долго ќе го озрачуваат влијаејќи врз формирањето на неговиот карактер.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Обично пиеше виски со млеко што некои дипломати во шега го идентификуваа и со неговиот карактер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се сеќавам на првите средби со него на вечната тркалезна маса со новите амбасадори во федералното министерство за надворешни работи, каде најчесто настапуваше со геостратегиски надворешно-политички анализи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа е огледало на неговата личност, на неговата работа, на неговата ментална моќ, но не ретко низ нејзината содржина се кријат и рецидиви на неговиот карактер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога внимателно ќе се погледне Хичкоковата кариера, од неговите неми англиски филмови до холивудските филмови во боја, во неа ќе најдеме одговор на неколку прашања кои секој синеаст треба себеси да си ги постави, а од кои следново не е баш безначајно: како да се изразиш на чисто визуелен начин? Margina #21 [1995] | okno.mk 13 Овој човек кој најдобро од сите го пренесе стравот во филмот, и самиот е плашлив и претпоставувам дека неговиот успех е врзан за оваа одлика од неговиот карактер.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Види, бога ти, треба човек да умре, па дури тогаш почнуваат неговите познати да го откриваат неговиот карактер и празнината што остана.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа беше најслабата страна на неговиот карактер.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Само не знам дали Господ го зема за зло и она што ќе произлезе не од лошите намери на човека, туку од неговиот карактер.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)