негов (прид.) - истрел (имн.)

Онаа голема, распафтана мечка, отскокна од неговиот истрел, се подигна на задните нозе и остана така, исправена суза, погодена и згрчена, во едно морничаво превивање, во кое што болката бликаше многу посилно од секаков вик.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И секогаш, неколку минути по неговиот истрел, ќе се одгласеше истрел и од кај Гола Глава. На тој начин момчето и старецот „разговараа“.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ги раздели неговиот истрел. Ги одврза за миг и четирите ги немаше само додека трпнеш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)