негов (прид.) - заповед (имн.)

А како Потковицата била богата, имала голмо и плодно поле а малку луѓе што го обработувале, по негова заповед тука ќе се доселеле заедно со многу раетини и четворица високодостојници, Турци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На неговата заповед, одоколу, се спротиви Максим Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Ден, два,три — за мене е сеедно, но сакам да се слуша мојот збор во моата куќа, — беше последниот збор на Толета по тоа прашање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Додека овчарот расправаше за Толевите подвизи, додека војводите се советуваа како ќе се држат со Толета, додека го утврдија планот за амнестијата, Толе со дружината се зададе на чистината од преслопта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа престанаа и се покорија на неговата заповед. — Добро, Толе, добро.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тешко на тој мариовец шо не ќе а слуша и најистната негова заповед.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Па потоа сосема ќе згаснеше, со погледот веќе втренчен во некаква ноќ: за дванаесетте хемиски елементи станува збор, тие се соединиле, но не на негова заповед, како што и ќе се раздвојат без прашање.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тогаш ви велев дека секоја жена мора да му угодува на мажот свој и да му биде послушна, оти тој е Божјо чедо, и како што тој е послушен кон Бога и неговите заповеди, така и жената треба да биде послушна кон својот маж и неговите заповеди.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во неа за коренот се вели: „Коренот не е ни мал, ни голем, не е ни долг, ни краток; не трепери како оган, не тече како вода; Тој е без сенка, без мрак, без ветер, без зрак; Тој е без вкус, без допир, без вид, без сетило, без слух, без говор, без мисла; Тој е без здив, без лице, без тело, без мерка; нема внатрешност, нема надворешност; не се плаши од ништо; не јаде ништо, и ништо Него не го јаде; на Негова заповед сонцето и месечината одат секој по својот пат; не се судира небото со земјата; минутите, часовите, деновите, годишните времиња, вековите ја следат својата патека; реките што извираат од планините одат по својот тек каде што им е определен; на Негова заповед луѓето го слават доброто, а го мразат злото; во Него е и светото и проклетото...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)