негов (прид.) - желба (имн.)

Работната атмосфера во фабриката беше прилично напната: работното време не беше стриктно почитувано од страна на генералниот директор (Г. Рафајловски), потоа работниците беа преместувани од едно работно место на друго по негова желба и сл. – што значи, можеме да констатираме дека, практично владееше еден вид на несанкционирано самоволие на директорот, како да оваа државна фабрика небаре е негова приватна сопственост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Потоа, на спорот се надоврзуваат и барањата по основ на неисплаќање отпремнина/испратнина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во фабриката имаше основано синдикална организација, која беше член и на гранковиот синдикат при ССМ – меѓутоа Ангелеска, поради оправдана недоверба кон раководната структура, не беше член на овој синдикат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За жал, до ден-денес, отпремнината сѐ уште не е исплатена и покрај обврската да се исплати пред работниците да аплицираат за паричен надоместок по основ на привремена невработеност во АВРМ – Центар за вработување Велес.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поради својата каприциозност, како и неговата желба да постави пример за во иднина да не се осмелуваат да одат директно пред суд, таа негова „фер понуда“ не важеше за оние кои веќе беа вклучени во тужбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но незбежно така испаѓа и според судбината и според неговата желба.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во нив објектот во потполност е изложен на погледот, а останува недопирлив.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
-Кој е тоа? - вознемирено запраша старецот. Самоубиец - љубезно појасни Миша. -Иден, се разбира.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Набљудувачот е пасивен и немоќен затоа што „неговата желба е скината, поделена меѓу фасцинацијата од уживањето и одвратноста кон него“. 9
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Румиана Станчева, бугарски универзитетски професор Старова сказната за козјата епопеја ја користи за да напише книги за проблемите на својата земја, покажувајќи се како одличен познавач на човекот и на неговите желби, можности и сништа, од кои на крајот на краиштата е и составен животот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во неговото чувствување на човечкиот свет постоеја неговите изискателни авторитети, постоеше тој и амбицијата што требаше да ги задоволи желбите на патријарсите на неговиот живот, што со време станаа и негови желби; и потоа доаѓаа другите, останатите...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се сеќава како, иако не многу опитен сепак внимателен, внимателно одговараше на прашањата од новинарот Зимха Зајден, обликувајќи ги одговорите така што да зрачат со скромност, камуфлирајќи ја амбицијата, а едновремено, пред читателите да ја истакнат неговата неповторлива личност: „Јас бев активен како рабин и предавач во Берлин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И со овој настап владиката го плени Греманецот кој падна под споменатите зборови на митрополитот изговорени на совршен германски. „Убаво сте се сместиле тука”, му рече Хрисостом на есесовецот, во исказ во кој војникот не ја препозна суптиланата иронија на владиката.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
До пред некој месец се сметаше за избраник на Севишниот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„На доброто расположение на еден германски воспитаник и на неговата желба да поразговара со некого на јазикот на својата младост.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Секој е пророк во своето место”, помислува додека насмевнат од овие лажни спомени што се случиле само во неговите желби, лежи на својата постела, свртен со лицето кон ѕидот и со грб кон својот цимер кој дише воедначено, и како и тој - Виена, го сонува својот дом не во сегашниот, сив и заканувачки замолчан, ами во еден друг, отворен и радосен, кралскоцарски Загреб.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но таа се префрлуваше во едно: ги познаваше неговите можности, не ги познаваше неговите желби, а во нив се криеше неговата сила.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таа можеше така да постапи бидејќи неговата стварност (неговите желби во однос на неа), не ѝ беа сосема туѓи, иако тоа беше стварност на некој друг; соодветствуваше со нејзината сопствена автентична желба да биде она што е.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Бузо не кажа која била причината што го натерала Едноокиот Полип на таква гнасна и нечесна акција; Ѓеле донекаде ја објасни причината зошто сите на бродот не се согласиле со капетанот и енергично се побуниле против неговата желба, но требаше повеќе и поубаво да ги објасни и расветли душата и срцето на тие луѓе; Васе доста лесно мина преку храброста и смелоста на оној што со маки ги раскинал јажињата и го ставил на коцка својот млад живот; Марко не го протолкува и не кажа ништо за крајот на приказната.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
— се насмеа Толе и ја ослободи Миша дека ќе и ја исполни и оваа, колку нејзина, толку и негова желба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Неговата желба за чиста мисла не се задржува на едноставна спротиставеност на деликатните деструктивни постапки на московскиот концептуализам, исто како што неговата желба не е само полемика со западниот тренд во која би настојувал да ги оправдува разликите.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
На истиот начин, уметникот што пости го прави тоа затоа што не ја пронашол храната што ќе ја задоволи неговата желба.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Мртвиот јазол на неговата желба го доведува до точка на самодеструкција: до својата смрт тој јаде „ништо” за да ја одржи својата желба незадоволена.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сето тоа беше некаква далечна, магловита слика, можеби настаната како плод на неговата желба да има пушка, но сакаше да верува во неа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Утрото, кога ја виде умрената овца веднаш, без негова желба му се наметна мислата да ја расчеречи овцата, да ги храни со неа кучињата, како што правеше понекогаш дедо му, но веднаш потоа таа мисла му се виде одвратна, а сега речиси и не дозволуваше да мисли на такво нешто, па ја одвлече овцата преку потокот и ја закопа длабоко во снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Последно што запишал во тефтерот, пред да отиде и да стане пустиник (тоа, да отиде и да стане пустиник, била негова желба) бил еден сон кој подоцна, во текот на вековите, во Потковицата станал ретка и морничава традиција.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Немав заборавено ниту една поединост од средбата во возот. Наврапитото втурнување на Огнена Гулева во нашето купе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не сфатил дека она нејзино негодување во врска со несигурната претпоставка, дека можело да се случи нивната врска и да успее, било само еден вид малечка итрина со која се служат девојките кога ќе сфатат дека некому му се потребни.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност уште додека ја изведував импровизацијата на разговорот со Даскалов размислував за идното прашањето на иследникот и притоа знаев дека не постои причина да сокривам нешто и да не ја задоволам во потполност неговата желба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потоа она нејзино наметливо заблазнување заради некои божем неспорни љубовни односи помеѓу мајка ми и Ѓурчин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не можел изгледа да си претпостави дека таа одвај чекала да зачекори во неговата желба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ми се беа врежале во споменот сите оние бладања на Огнена Гулева за ноќите под Сина Скала, кога во нашата куќа престојувала групата борци.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ме гледаше со очекување дека ќе ја препознаам неговата желба, јас ја препознав и ја премолчев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Хајнерле ги чувствуваше тие премолчувања, и од нив бегаше со погледот кон некоја дамка на ѕидот, кон мушичките кои летаа среде собата, кон прозорецот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Хајнерле го почувствува тоа премолчување, и од него побегна со погледот кон мушичките кои летаа среде собата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој побегна од моето потсетување во сеќавањето на еден страв од детството, кога се плашел дека ќе ги изгуби родителите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нѐ гледаше со очекување дека ќе ги препознаеме неговите желби, ние ги препознававме и ги премолчувавме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш пак го потсетив на неговата желба повторно да се сретне со својата мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Чекорот што го направил Боно на патот кон победата на злото е интересен, но нас не интересира дали истиот се јавува како негова желба или нужна потреба.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Му ја проѕреа луѓето таа негова желба и почнаа да го уценуваат: да му бараат двојно, тројно, па и повеќе отколку што чинише нивниот имотец на брегот; но тој, кусејќи и делејќи од устата, од животот, преминувајќи ја скришно границата за Албанија по трговија, правеше некако и одвреме-навреме купуваше по нешто и се прошириваше - го освојуваше брегот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тој умре, а син му Профим ја продолжи таа негова желба со уште поголема страст: чинеше сè само да го види еден ден сиот брег негов.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Хормоните ја преполнуваа чашата и без негова желба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И најголемите трупци питомо се наместуваа во своите лежишта, во милиметар токму онде, каде што беше неговата желба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Глигор распоредуваше. прислужникот бргу се отресуваше од својата флегматична затвореност, навреме се јавуваше кога е потребно и ги исполнуваше точно неговите желби.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Глигор јасно ја претчувствуваше неговата желба да биде забележан и признаен за нешто повеќе и подруго.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој не знае дека притоа му помага нејзината страст.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој едноставно ги раширува крилјата на својот дух и лета во правецот што му го црта низ воздухот неговата желба.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа не знае дека кон него ја влече неговата желба.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не е тешко да се заклучи дека една од потсвесните побуди за изборот на овој псевдоним и за фактот дека Duchamp овде се појавува како жена, била неговата желба да се поистовети со Невестата, да стане “месо на нејзиното месо”, како што открива и посветата испишана од задната страна на сликата Момчето и девојката напролет.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа открива дека може да се претвори во мачка.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Елена, како и Невестата, е вплеткана во една инцестуозна врска (поточно, станува збор за двоен инцест: прво со едниот од своите браќа, а потоа со Дејфоб, братот на својот прв маж); ќе ја доживее истата трагична смрт (била обесена); поистоветувана е со дрво (на Родос, Елена е почитувана под името Дендритис - божица на дрвјата): и Невестата, според зборовите на Duchamp, е “како дрво”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Веста го обиколи светот, а најтрагично одекна во Галилеја, во родната земја на поетот, окупирана од Израел уште во 1948 година, каде што го очекуваше неговата 96 годишна мајка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неговата желба била да биде погребан во Галилеја. Израелските власти тоа го забраниле!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На една трибина го објави своето заминување од активната политика, поради, како што рече неговата желба да им се даде шанса на младите.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Измина еден месец како ја познаваше, природата на неговата желба по неа се промени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По негова желба останаа на пиење сите што беа тука, освен Колобан и даскалот Бино кон кои пак он немаше големи симпатии.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Роса и Чана ја задоволија таа негова желба не толку за да не премрзне, отколку што знаеја дека му е страв да не го остават сам, да не се случи да си заминат на некое друго место а него да го заборават.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Мајка, останувајќи верна на неговата желба, вистински ќе го употреби златникот, десет години подоцна, во градот крај реката, кога Татко, со него, ќе ја купи првата козичка, во времето на големиот глад и на немаштијата кои им се закануваа на нашите животи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога полковниците се напија, и кога во еден момент рекоа дека при решавањето на проблемот на селото, ќе ги имаат предвид неговите желби, кметот, учителот и гајдаџијата Веско пламнаа од радост; во еден момент Веско го отвори дувалото на гајдата и ја наполни гајдата со вино; почна од неа да им дава на полковниците да пијат: цицаа тие на сурлата како на босица.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дивиот коњ на мислата во неговата глава, на којшто јаваше таа негова желба, беше просто нескротлив.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сепак, во неговите постапки имаше некоја посебност : мислам на онаа негова желба да остави впечаток на угледен и фин.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Изгледа самиот си сугерира дека животот е задолжен да пронаоѓа начини како да ги исполнува неговите желби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Знаете, напати, кога ќе си ја дозволеше слободата да избувне веќе во идниот момент ќе се сепнеше: - Како да претерав малку, а?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Според неговите сознанија, животот се наоѓа во пореметена состојба, а лично тој беше повиканиот што треба да ја спроведе сложената терапија на неговото заздравување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можеби ќе си заминеше по патот на неговите желби.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А тој беше навистина опседнат од големи желби.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Среќниот завршеток сакаше филмот, што ја одбележува Хичкоковата трета етапа, „Непознати во возот”, да биде снимен токму според романот на Патриша Хајсмит; во него го сретнуваме традиционалниот Хичкоковски мотив на „пренесена вина” во облик „убиство со тројца”, убиство при кое се врши замена - сторителот (психотичниот Нарцис) го извршува убиството на некој друг, за својот хистеричен партнер, со убиството се реализира неговата желба, со што хистерикот е виновен иако ништо не сторил. 36 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Детето е во таква ситуација што таа негова желба е и повеќе од тоа...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И тука си игравме. Си игравме и се боревме сѐ додека јас не ги запознав неговите желби, а тој моите.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кога му се исполнила и таа желба посакал да биде судија, па потоа министер, па цар, па не знам што сакал да бидува понатаму и дали дошол крајот на неговите желби.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Како ме опсипуваше со внимание, посесивните моменти и стресот од неговата желба да се поседува живо суштество како да е предмет.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Малиот имаше дваесет и две години и беше многу впечатлива неговата желба да доминира и да владее со глутницата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во тој момент не ги сфатив страшно тие негови желби.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
На негова желба ме однесоа дома и продолжија кон психијатарската клиника.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)