негов (прид.) - дом (имн.)

За Леон Голдблум, наспроти неговите предци, религијата и религиозните ритуали немаа место во неговиот дом.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Како живееш, Кире? - најпосле го прашав, кога ме одведе во неговиот дом, во една петкатница, прилично уредена, а тој со една убава женичка се однесуваше како со домаќинка.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зашто тој, уште кога првиот пат се појави пред селаните, кажа дека е многу среќен што во неговиот дом живее смок.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Прочитајте ја историската лекција и видете дел од предметите на неговата страница на интернет, а потоа испратете електронска порака за да закажете приватно разгледување на неговиот дом во Ноева Долина. LegendaryJoanCrawford.com174 Споредете го сето ова со освртот на стрејт-филмскиот критичар Дејвид Денби: „Мора ли да ја мразиме Џоан Крафорд?“175
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На повикот од Мишел да излезат оттука, бидејќи неговиот дом не бил “засолниште на бунтовници“, бегалците откажале, свесни дека ќе бидат фатени и мачени.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Исто било и со неговиот дом.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Помислував на неа тие денови, кога на улиците гледав мајки како ги гушкаат своите синови кои во колони се враќаа од фронтот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не се обидував да видам во моите мисли како лежи едвај подвижен, не сакав да слушнам како последните капки сила го принудуваат да вдишува и издишува, не сакав да знам ни што му врвело низ мислите во тие мигови – дали го мачела помислата на сестрите кои постојано се јавувале во неговиот дом и молеле да се најде начин да ја напуштат Виена, дали имал грижа на совеста од претпоставувањето дека во логорите на смртта ќе ги приберат и нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајка ми тогаш замина на неколку месеци во бањата Гаштајн, а јас отидов да живеам со Рајнер во неговиот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Честопати одев до неговиот дом; ако беше ден – тропнував на вратата, ако беше мрак – погледнував дали има светлина зад завесите; но таму беше пусто, онака како што беше и во мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нашите два света одново беа еден, и тој заеднички свет го исполнувавме со мечтаења.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го молев, сѐ до оној ден кога ми кажа дека кај нив ќе се всели Мина, сестрата на неговата сопруга.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Години пред тоа, кога бев девојче исплашено и очаено од омразата на својата мајка, верував дека еден ден ќе се појави рака која ќе ме одведе кон едно поинакво постоење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На крајот од војната, кога за време на една од семејните средби во неговиот дом, Зигмунд ја прочита на глас тукушто пристигнатата телеграма дека неговите синови наскоро ќе се вратат од фронтот, помислив на Роза, но не се осмелив да ја погледнам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сепак, секогаш кога барем за миг останувавме насамо, а ретко кога останувавме насамо повеќе од неколку мига, јас одново го молев да ми дозволи да живеам во неговиот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Едно утро, една година по заминувањето на Рајнер, додека се приближував кон неговиот дом, го видов како стои зад прозорецот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас излегував од неговиот дом, а дел од мене остануваше таму, како сенка на подот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Посакав и јас да бидам таму и да ме боли она што ќе го видам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Си правев куќа не нагоре, туку надолу. Не ја градев, туку ја копав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таму сѐ изгледаше испустено, иако сѐ беше исто: сѐ беше на своето место, но годините на непроветреност и талогот на насобраната прашина, на тој простор му беа дале поинаков изглед и некакво мртвило.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дојдов до местото каде улицата свива, и чекав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не помина долго време кога една млада жена се приближи до неговиот дом, а потоа вратата се отвори, и таа влезе внатре.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го молев да се преселам во неговиот дом, а тој ми објаснуваше дека им недостигаат пари и немаат доволно простор, затоа што секоја година им се раѓаше по некое дете: прво Матилда, потоа Мартин, па Оливер, Ернст, Софи, и на крајот Ана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Чувствував како ме растргнуваат љубовта и омразата, и едната и другата ме водеа во очај, затоа што немаа каде да паднат: бев отсутна од животот на оној кому му беа упатени, а тој за мене беше поприсутен од мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Излеговме од дома испратени од потсмешливиот поглед на мојата мајка. Молчевме сѐ до неговиот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не се обидував да ги замислам последните мигови од неговиот живот, доволно ми беше што дознав дека е мртов, дека е смирен, без телесна болка, без душевна јанѕа, затоа што сигурно на оној свет душата се ослободува од сите тегобности и самообвинувања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Првото утро кога се разбудив во неговиот дом, ми рече: „Сонував како си правам куќа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Знаев дека тој чека. Не се оддалечив многу од неговиот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Патрицијот имаше пријатели низ целото царство, и надвор од него – во Новгород, Стефан и Зосима ѓаконот, во Венеција браќата Винченцо и Паоло Пеголоти, чие гостопримство обилно им го возвраќаше кога тие го посетуваа во неговиот дом.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Трета слика: Мажот заедно со своите пријатели седат на масата во неговиот дом - оној од првата слика. Пијат, се мезат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во тој град беше неговиот дом.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Реши гостинот да го прифати и да го пушти самиот да си го бара своето место во неговиот дом.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И остана само уште да го пронајде неговиот дом.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не би можел, размислував, толку да биде слеп за да не види дека и најскришните и најдалечните места од неговиот дом како најобични ормани ќе бидат отворени за погледите, за проверките, за дупчалките и микроскопите на префектот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И неговиот дом не е без прислужници предани на неговите интереси.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мора да ги предвидел, размислував, тајните пребарувања во неговиот дом.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секој чекор на Арафат беше следен од невидливи тајни сили кои беа навлезени дури и меѓу самиот раиз, во неговиот дом, во неговото опкружување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Секогаш пред заминување, како по некој ритуал, ги прегрнував децата, сопругата, без да знаат каде заминувам.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Присутните дојдени да го пречекаат Камилски, по наводно извршената операција, гледајќи го како се занимава со сандаците со книги, не можеа да разберат што се случува, сѐ додека тој не им пристапи на блиските, се поздрави и за моментот најде најпригоден изговор, како и начин како да се префрлат книгите во неговиот дом.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Неговиот дом лежи под големиот рид, недалеку од ледината на која се убиени двајца безимени партизани, закопани под брестот, од онаа страна на селото.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ова беше предворјето на неговиот дом, сценографско решение на просторот каде што порасна.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Александар во целост беше сигурен дека ако има деца, попаметно му е да ги израсни било каде, само не во земјата под власт на генералот Стојан... но беше и сигурен дека ова место е неговиот дом.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Повеќе недели се тука. Во неговиот дом...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Но вие сами, по ваша желба, сте го напуштиле сопругот, неговиот дом.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Судијата се обиде да ги разбере причините заради кои го напуштила мажот и неговиот дом.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
17. Сега е само зборот негов дом и дом на секој на помнежот што му се радува Не беше тоа патот што води од ништото во ништо Трепетот на крвта се провира под божилото на светлиот лак кон пределите идни на биднината Го изоде тој патот на правот ѕвезден свој расеан во темнината Очите негови гледаат и болот отаде штама и болот како во огледало ликот што му го враќа со невените на надежта Среде нив зората таа убавата посестрима во прегработ го пречекува на недоречените зборови И тој провирање меѓу ридја и луњи низ градини пробудени и вирови на пронајдениот збор станува онаа светлина што го пројаснува мракот и ја открива прелагата темна на смртта Зборот е сега негов дом Дом е на светот низ кого песната оди и раскражува за муграта и виделото што виши со помнежот над ништото
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Смогот легнат до земјата со целата своја густина беше напластен се до училиштето „Кочо Рацин“ над коешто се наоѓаше неговиот дом.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како да не им веруваше на сопствените уше зошто беше сигурен дека никој не го видел кога влегуваше и излегуваше од неговиот дом.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Појде долж реката. Реши да го посети Игора Лозински во неговата лабораторија - работилница, која се наоѓаше во неговиот дом, близу Антималаричната станица.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во девет часот пристигна во разорената фарма што беше неговиот дом.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)