негов (прид.) - година (имн.)

Тој во времето на поминатите негови години во Србија се наоѓал под влијание на цел ред околности што отсуствуваат во Бугарија и затоа неговите погледи се разликуваат од погледите на оние што се образуваа само во Бугарија и се слободни од цел ред преземени мисли и предрасуди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секоја негова година се реинкарнираше во десет нивни.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Предвреме појавените брчки на неговото чело, како и белите прамени покажуваа дека времето легнало на неговите години.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Луд сум, рече:неговите години како шеесет вагони се удираа една во друга и создаваа неред и неспокојство.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Што не сторил ни ајдутин ни буљукбашија - го стори човек за чие крштавање пиев кога бев на негови години.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со сонлив глас им рекол на луѓето да го погледнат. - Мојата крв, браќа, ја накисна земјичкава ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Место да ја сподели нејзината грижа, тој се обиде да ја утеши со лагата или фалбата дека и самиот бил таков на негови години.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Грифонот, од своја страна, просто како да му покажуваше и докажуваше дека е суштество коешто не само што нема да му пречи, туку како веќе и да му ги пополнува празнините на денот со кои човек на негови години неизбежно се соочува.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сакал или не, со конечност увидувајќи во каква положба се наоѓа, не можеше а да не го согледа единствениот можен излез: претстојната, неизбежна, несакана, но и спасоносна посета од невидливиот последен гостин кој, каде и да е, со оглед на неговите години и пораките што ги добива преку телесните тегоби, ќе дојде без да заѕвони, без да тропне на врата, без да направи шум што ќе го насети неговиот грифон.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Погледот ми се губи во трагите од неговите години...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)