негов (прид.) - време (имн.)

Да живеев во негово време јас ќе бев неговата Џинџер Роџерс, ќе бевме најдобриот танц пар на светот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Краста: За тоа можат да се напишат неколку дебели томови.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Маркс ја опиша мистификацијата и ја покажа нејзината улога во неговото време.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Феудалниот поредок во негово време го достигнал највисокиот развој.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во негово време биле формирани и најкрупните административни единици префектури.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во негово време Србија го достигнала својот најголем подем во однос на освојувањето на нови територии.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Наредните изложби, кои се одиграа минатово лето, течеа по следниот редослед: „Warhol, 1956-86: Огледало на неговото време” - во јуни; патувачката изложба „Tokyo, la Ville Moderne” и на крајот, изложбата на David Hockney и ретроспективата на Cindy Sherman.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тој знаел дека методите на неговото време не можат да ги решат формулите што управуваат со движењето на Сончевиот систем и со многу други слични динамички системи.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Првите прозори беа мали, правоаголни и недиференци­рани, потоа дојдоа кружните прозори од бродовите (паробродите на секој оџак имаат по неколку такви), потоа тесните високи прозори со назнаки за кружен свод од неговото време во Рим, и конечно последната форма на прозор - „прозор- греалка“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Низ нив беше можна успешната потрага не само по неговото време и по неговите предци туку и по времето на неговиот народ, на балканските народи, кои минаа пет векови под Отоманската Империја...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Со нагласени големи букви се изнесува и еден податок на Волтер од неговото време: „Религијата го чини човештвото седумнаесет милиони човечки жртви, еден милион секоја година!“
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во студениот бетон беше неповратно жртвувана енергијата на еден цел народ, жртвувано неговото време.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Му го пополнував неговото време но со сето свое однесување како да ми стави до заење дека толку му е доволно, дека нема некакви други планови со мене.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во неговото време, гинеа оние што знаеја многу, а сега гинат оние што не знаат ништо.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Живеел во Колумбија и во Европа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„За делото што ги спои широките перспективи на неговото време и префинетата вештина на сликањето на ликовите и придонесе за обновата на германската литература“, Хајнрих Бел во 1972 година ја доби Нобеловата награда за книжевност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
(...) Оваа филозофија на историјата бара метода спротивна од онаа што ја фалеше Волтер: наместо бесконечната човечка пластичност да се подвргне на наводно еднообразен аршин или некаква иста способност, наместо “оваа или онаа особена египетска доблест да се откорне од своето тло, своето време и од детството на човечкиот дух за вредноста да може да ѝ се изрази со мерките на едно друго време”, би требало да се споредува она што е споредливо: египетската доблест со египетскиот храм, Сократ со неговите земјаци и луѓето од неговото време, секако повеќе отколку да се споредува со Спиноза или Кант.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со бесна вчудоневиденост тој заклучува дека учените луѓе од неговото време престануваат да се интересираат за непроменливите вредности, за целиот свој талент и углед да ги стават во служба на локалниот дух, да го поттикнат она што е ексклузивно, да ја ободрат својата нација да се затвори самата во себе, самата на себеси да си се поклони, и со „својот јазик, уметност, филозофија, цивилизација, со својата ‘култура’, да се постави наспроти сите други“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа е оној чешки писател кој побегнал од својата земја незадоволен од количината државен буџет која се вложувала во извесен поп-пејач од неговото време.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Сите книги како да беа останати со недооткриени значења во функција на неговиот незавршен ракопис за Историјата на Балканот низ падовите на империите, најголемиот предизвик да трагам по неговото време и неостварените илузии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Генералот Ариел Шарон, смртниот непријател на Јасер Арафат, стапи на сцена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Лакхдар ја забележа мојата зачуденост и ми рече: Јас, знаете, живеам во Ла Марса (резиденцијален кварт близу Картагина) во куќата во која некогаш живеел Андре Жид.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во негово време, пред очите на неговите војници ќе се одвива невидениот масакр во палестинските логори во Сабра и Шатила.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Освен оној што беше воедно и почеток на легендата, на неговото стапување во историјата, што не си го постави како цел за себе...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Молчеше како Сфинга. Како да не било тоа негово време. Како да немал минато време.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со мојата Милица го негуваме култот на неговото време во куќата!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во мене се разбрануваа спомените! Неговото време беше влеано во дел од мојот живот, од моите дипломатски години.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Климент Камилски често го прашуваше Татко за тајните на негово време поминато во Цариград, но тој молчеше како Сфинга.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ниротакис живееше сам, без семејство, но шефувањето со транзитната служба (Ема во стил на искусна полицајка шефувањето му го наметна како сериозна обврска) го трошеше неговото време без остаток, вклучувајќи го во таа активност и делот што тој го исполнуваше со својот машки порив совладувајќи ја на таков начин опасноста да се почувствува отфрлен и осамен.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој самиот никогаш не би помислил на него, зашто се појавува по неговото време.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мехмед се занесуваше со мисла да создаде српско муслиманско царство во Европа и таа мисла го гонеше да им го наметнува исламот на сите Срби што ги покоруваше, но знаејќи го верскиот фанатизам во негово време, работеше претпазливо да не ги оттуѓи со тоа оние што не би го примиле исламот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
За друго беше дојден, ќе дојде и неговото време.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кутрите јагули, кутрите јагули, си шепотеше за себе Цветан Горски, но сè уште не беше дојдено неговото време.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во книгите почиваше неговото време.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Секое време е негово време. Оглед за Силјан Штркот Во преданијата влезе твојата слобода грешним твоето патување, почетокот на преобразбата копнежот по родното копно долгоклуните земјаци тајниот речник и магијата на враќањето на оној кој не е ни сам ни единствен
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Трагајќи по неговите книги јас го откривав неговото време, дополнувајќи ја библиотеката со книgите на моето време.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
(29) Тоа беше стремеж и на Marcel Duchamp кога, откако раскрсти со секаков развој на сликарството од неговото време, она сликарство кое од Manet до монохромните атељеа на Matiss одеше кон тоа да го отфрли учењето за перспектива; Duchamp-овите концептуални игри и фантазмички инвестиции се обид да ѝ се врати на онаа традиција која единствена е кадарна на уметноста да ѝ ја врати загубената интелигенција и од занимавањето со уметност да направи повторлив доказ за механизмите на заведувањето.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Што ни дава право на овој начин да го доведуваме во врска делото на Duchamp со делото на Мајсторот da Vinci, освен желбата да му се препуштиме на задоволството на особено академски споредби, како што тоа неодамно го направи еден американски универзитетски професор (4), и да ги истакнеме неверојатните коинциденции - прашање што не би требало да се поставува бидејќи овде, исто така, се работи за уметник кој, за оние што со него се сретнувале, никогаш не беше она што мислеа дека е, врз кого полагаа право сите авангарди на неговото време, од кубизмот до надреализмот, иако тој им го вртеше грбот и беше потполна спротивност на еден господин Courbet кому може да му се рече „Добар ден!
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)