негов (прид.) - возраст (имн.)

Ти си проникнал најмногу во проучувањето на детето во сите негови возрасти од раѓањето до младоста.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Сака да биде различен од другите – рече мајка ми – и тоа е на негова возраст природно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Од најмала негова возраст, за сите други народи освен за нивниот, мајка му и татко му, во негово присуство, зборуваа без почит.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
По секоја цена да си различен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А тато убедливо зборува: „Не ќе пропадне веков, мајко; голем е веќе, нека се снаоѓа како другите деца на негова возраст.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Заминувањето во царството небесно, од година во година, сè повеќе го преокупира како есхатолошка тема со која рабинот се занимава и како духовник, но таа тема сè повеќе и го заплашува; и него, како впрочем и секој друг човек на негова возраст.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ѓорѓи и педесетина мажи на негова возраст, ги одделија и ги сместија во училиштето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Елеазар има 79 години, и фала му на Господа, сѐ уште крепко здравје, па сепак ова патување, сходно на темата за која веќе неколку дена размислува, преземено на негова возраст, го смета за една од своите жртви кон Севишниот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)