негов (прид.) - вик (имн.)

Остана пак со празни раце. А онаа голема и несмасна дивинка само се подобѕрна малку на неговиот вик, притоа и не застанувајќи, чиниш само промрморе нешто, со кое како да сакаше да го разлути уште повеќе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Борко зина, како да сакаше да викне, но знаеше дека неговиот вик тука ништо не може да помогне.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Еве го иде Богдановото девојче, свирката го домамила, свирката од Петровото срце, слегува таа на негов вик, како да слегува од гората, самовилска ќерка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Еве таа го разбира неговиот вик и својот час, необична, таа го поведува орото во прва приквечерина, кога е сонцето зајдено и иде темнината.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)