негов (прид.) - брод (имн.)

Сакаше Ластовицата мирно да ја преспие ноќта на неговиот брод, никој да не ја вознемирува.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Каде е, каде е? - строго свика капетанот, плашејќи се некој неповикан да не се качил на неговиот брод.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Мегалон, затворен во својот прекрасен дворец, од утро до вечер сметаше и пресметнуваше колку пари ќе му донесат неговите житни полиња, неговите маслинарници, неговите бродови.

„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Исто онака вкотвено како и неговиот брод во шибеничкото пристаниште. Го имаше на претек.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Неговиот брод паднал на Сонцето. А Сонцето е големо и вжарено и немилосрдно, секогаш е на небото и не можете да му се измолкнете.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)