негов (прид.) - братучед (имн.)

Чичкото со џбунови по лицето, кога сме сами, ми се жали дека неговиот братучед, татко ми, требало повеќе да го почитува.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Татко ми (Митре Скендеров) од еден негов братучед позајмил пари и купил коњ.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога умре, татко ми и двајца негови братучеди отидоа пеш на гробот на Опленец и таму ги дочека кралицата Марија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Како ги закандиса тие вошки? се чудеа Атанас и неговиот братучед.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се разбира, на Германа не му беше никаков проблем да го раскаже и тоа што неговиот братучед Методија не стигна да го раскаже.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)