негов (прид.) - борба (имн.)

Којзнае по кој пат се преиспитуваше: дали одлуката да се жени со девојка што се родила и растела во сосема други услови, во општество крајно различно од неговото - не беше дел од неговата борба со самиот себеси?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Проектот претставува прв обид врз основа на оригинална архивска документација од Public Record Office и Liddel Hart Centre for Military Archives King`s College London, да се претстави активноста на британските воени мисии во Македонија т.е. во еден континуитет да се следи активноста на планерите на СОЕ во однос на нивната политика спрема Балканот и Македонија и испраќањето на британски воени мисии во Македонија и нивната секојдневна активност со што се дополнува сликата за учеството на македонскиот народ во Втората светска бојна и неговата борба за независна и самостојна македонска држава. __________________
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Оваа ноќ требаше да биде негова борба, негова одмазда.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И Арафат сакаше да остане и вистински ќе остане во историјата, како мит, како икона, како татко- основач на палестинската нација отколку како моќен лидер кој со својот навидум политички донкихотизам сакаше да го обедини светот за да ја разбере неговата борба за слободна Палестина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А неговата глава одамна и скапо беше уценета од Грците за пет-шестгодишната негова борба со нив, та Чочо, којшто се префрли како Цица, одвај го чекаше да му излезе пред очи и да го предаде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во моментот кога го контактиравме Бобан неговата борба сè уште не беше завршена но, со неговата ретко видена упорност и истрајност, веруваме дека многу брзо ќе ја извојува својата победа за одбрана на своите основни права и конечно ќе дојде до правдата која ја заслужува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во април 2007-та, Јакшиќ се здобива со тешка телесна повреда при работа2 и од тој пресвртен момент неговиот живот драстично се менува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кој беше Јасер Арафат? Тој веќе беше во историјата без да го подготвувал педантно, методично и фанатично своето место во неа како неговиот друг соборец од Картагина, раизот Хабиб Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)