негов (прид.) - блискост (имн.)

Персоналот, гледајќи ја таа негова блискост со неа, се чудеа и му завидуваа, а особено Којо Пипиле, неговиот другар од детството кој повеќе време е во Пансионот од него, а не успеал ни насмевка да размени со неа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Писмото кое беше испратено на старата адреса на живеење – од која Авдиќ се отсели уште во 1994 – беше со намера да се издејствува тој добие отказ поради, наводно, нејавување на работно место во период од 44 денови (откога Орхан го доби писмото, па сѐ додека не се појави лично во фабриката „Киро Ќучук“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Веројатно неговата блискост со Господа го спречува да ми се приближи, си помислив. Знам како изгледаат работите гледани од високо.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Дури сега се сеќавам дека тогаш можев да го обгрнам со својата детска рака – воздивна, давајќи си пауза и јас знаев дека сега ќе дојде поентата – Моите раце одамна веќе не можат да ја обгрнат неговата блискост.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
За контекстот на целата ситуација, се чини битно е да се спомене податокот дека телефонскиот број на Авдиќ и неговата нова адреса на живеење им беа познати на фабричкото раководство бидејќи истите беа уредно пријавени во правната служба, но – според неговите зборови – очигледно е дека нивната единствена цел била да го отпуштат од работа, и тоа заради неговата блискост до „гарнитурата“ на претходниот директор кој, пак, беше од друга политичка партија, иако Авдиќ не е член на ниту една партија. 102
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Слушајќи ја птицата, не слушна како Даниел дојде со камионетот, ниту пак го забележа како дојде до неа, сè додека од некое посебно чувство не стана свесна за неговата блискост, и тогаш го крена погледот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)