негов (прид.) - битие (имн.)

Истовремено, сопственото јас копнее да биде разбрано; уште повеќе, тоа копнее по една целовита личност којашто би можела да го прифати целото негово битие и при тоа да го „остави на мир.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Од неговото битие исчезнуваше долго напластуваната тишина што му беше и граница, ѕид, помеѓу внатрешниот и надворешниот свет.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Нејзините зборови чкрипнаа во него, како паричките во автоматите, и го допреа до некои контактни жици на неговото битие.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Некаде во комплексноста на неговото битие броилото се превртело и нејасна магливост беше паднала врз неговиот вид.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој стоеше таму можеби една минута, обидувајќи се да види каде се наоѓа, но некој непоматен дел од неговото битие се обидуваше да сфати што му се случува.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Непознати неочекувани клетки се отворија во неговото битие, во него, откривајќи нови царства, сè повеќе зголемувајќи го животот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но веднаш по будењето, вчерашната празнина, завчерашната, или онаа од последниот миг пред да се разбуди, ќе почнеше да ја истиснува некаквата „исполнетост“ која кришим успеала да се вовлече во неговото битие, во мигот кога спиел.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но тоа чувство отиде подлабоко од разумот, во некој далечен дел на неговото битие, каде што разумот не можеше да допре.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И затоа сега беше обземен од помислата дека нешто основно, нешто цврсто и пристојно беше нарушено; од дејството на нешто друго, чистото во него беше изгнасено; неговата духовна и морална доблест, всушност срцевината на неговото битие, беа нападнати и ограбени.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ова необично нешто што му се случи на Даниел, нешто што се всади во неговото битие, како некое рајско привидение, значеше сѐ.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа беше навлегла во некој пригушен, мистичен агол на неговото битие и со своето необично барање таа ги разбуди неговите скриени тајни, древни и несомнени верувања.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но од некоја мистична длабочина во него, безличен страв изби на површината на неговото битие.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Директниот и искрен поглед на очите на брат му досегна до него со магнетна моќ и го разбуди неговото битие од чудната рамнодушност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сега сето негово битие влечеше кон неа, тоа посегна и надвор во просторот, и пипкаше во темнината, во обид да го зграпчи нејзиниот лик и да го задржи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Рози почувствува дека бурата кај Даниел стивнала, но исто така сфати дека еден вид борба продолжи и понатаму да се одвива во некој дел од неговото битие.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Без да се помрдне и со задржан здив тој ги слушаше стапките сè додека нежно одекнуваа во длабочината на неговото битие и во центарот на неговиот мозок.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се сети на Френк кој сам ја надгледуваше работата и бран на приврзаност ”за својот помал брат” се разбранува низ неговото битие.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Што и да го свртело броилото за замрсеноста на неговото битие за да го отфрли сивиот превез врз светот, сега тоа го направи потребното приспособување, така што, кога погледна околу себе, се зачуди кога виде дека околната замагленост се стопила.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сето негово битие беше напнато од омраза, со ужасен нагон да повреди, да се пресмета, да раскрсти со сѐ, да се искапе со злоба.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Прицврстен за своето семејно стебло од кое се храни, заслепен од листовите кои го опкружуваат, неговото битие не ја запознало безграничноста на просторот во своето време на формирање.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тогаш неговото битие станува совршено. Целосно просветлено. Достигнал откровение.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Потребно е многу време за ослободување на духот, за поврзување на неговото битие со космосот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тогаш неговото битие станува совршено.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Залудни беа моите уверувања дека тој е оној кој е, и неговото Јас не зависи од тоа кој го родил, и дали бил отфрлен по раѓањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Прашањето кое гласно си го повторуваше: „Кој сум јас?“, го потресуваше неговото битие.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оти човечката душа е единствениот дом на неговото битие и нема таква поплава што тој дом ќе го однесе, или земјотрес што ќе го срамни, и нема таков оган што ќе го изгори, оти во тој дом живеат оние нешта што се направени од тули кои никогаш нема да се сронат пред забот на времето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Одбивајќи човекот да го одвојат од фактите што го детерминираат, трагајќи по вистината на неговото битие и по клучот за неговото однесување во силите кои - како јазикот, расата, историската традиција - управуваат со него а тој самиот за тоа и да не е свесен, тие утврдуваат дека Алзашаните зборуваат германски и дека културата им е германска.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но нешто длабоко во него се бореше, дури во потсвеста во кодот составен од татковите и мајкините гени, овековечени во неговото битие со татковиот ген на егзил и мајкиниот ген на останувањето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)