негов (прид.) - активност (имн.)

Британските воени мисии Mulligatawny и Monkeywrench по пристигнувањето во ГШ на НОВ и ПО на Македонија станале сосевен дел од неговите активности и со посебно внимание ги следеле и известувале за сé што сметале дека може да биде од интерес за штабот на СОЕ во Каиро.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Од друга страна, неговите активности не се регулирани со закон, или со какво било јасно формулирано правило за однесување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ми текна дека поради тоа што јас од мојот профил го немав за пријател, можев лесно да проверам од профилот на татко ми и да ги видам сите негови активности.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Уметничкиот опус и политичката дејност на Стојан Христов за македонската кауза остануваат и во иднина драгоцености кои што ги обликуваат неговите вистински вредности и како такви веруваме дека и понатаму ќе привлекуваат книжевници и политички аналитичари заради додефинирање и градење на точен суд за неговиот придонес кон богатата ризница на македонската и светската литература, како и за неговите активности во поглед на афирмацијата на самобитноста на македонскиот народ и на неговата државност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И сите негови активности, сиот негов свет беше прекриен со сладок сјај.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Единствено е важно таа ништо да не знае ни за неговите активности и уште помалку за Организацијата за што тој се грижи. Таквото објаснение сите нѐ разувери.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во екот на таквата негова активност, го поканија да учествува на една меѓународна конференција посветена на еколошката иднина на Балканот во Солун каде што неговото полусериозно и полудуховно искажување, за него неочекувано беше толку забележано што истата вечер локалната телевизија го покани да учествува на еден ТВ панел.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во друштвото делуваше синдикат на ниво на работодавач, а 227 Лозановски беше негов член.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Редовно ја плаќаше членарината и беше активно вклучен во неговите активности.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Неговата активност подоцна била префрлена на Централната разузнавачка служба (ЦИА).
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Американското инволвирање во Кралството Југославија било многу подиректно отколку она на СССР.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)