негов (прид.) - ги (зам.)

Генералот никогаш не дал наредба и никогаш не рекол напред, славата негова ги допираше небесата, го затемнуваше просторот кои другите сакаа да го освојат.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
И оди тој И сега чекорот негов ги гази трњето патот на сонцето што го замрачува Пат од бигорот на осамата до осамата на зборот светот што го мисли и плоди И тие што чекаат среде гороцвеќе и птици Гласот му го препознаваат веќе што огрева во песната на неменливата радост Чекори и не се обѕира тој Сам да се биде и пак со сите истата ѕвезда на надежта што ги води По зорницата тој оди во несоницата на песната што наближува
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
И дење и ноќе очите негови ги гледам... и тој насон ме гледа - ама ништо не ми зборува.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)