негативен (прид.) - енергија (имн.)

Ако се разделуваат сосила, ќе се предизвикаат силни извори на негативна енергија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во таквите ситуации единствено строгиот и авторитетен Бертран можеше да се справи со момчињата полни со негативна енергија.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Меѓутоа само во позитивна смисла. Во смисла на креативност. Сѐ друго е искомплексирана злонамерност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Фамозната збирштина на негативна енергија под разни општи заменки како „тие” или „некои” се главните генератори на кризиве кои ги споменуваш.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се создаде некој набој на негативна енергија, но преживеавме некако.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Упорно пиев од водичката, што ми беше за чистење на негативната енергија и влијанија. Упорно животот ми стануваше сѐ похаотичен.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ослободена од натрупаната негативна енергија, се враќаше од јодната бања, природниот благодет кој се наоѓаше во овој бачки град.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Убаво си го забележал ова, во врска со допирите, вели тој и клима со главата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Еден вид празнење на негативна енергија. (Доктор Пачев читајќи ги овие редови со насмевка забележа Сè е хемија и во неговиот поглед открив потврда и разбирање.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тие не само што не се во состојба да произведат позитивни мисли во себе, туку, обратно од тоа: во себе раѓаат ( и им дозволуваат да се размножуваат) многу видови невидливи честици со негативна енергија.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„Другар си, Теми, ме ослободи од силен наплив на негативна енергија! Револт! Експлозија!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)