неврзан (прид.) - разговор (имн.)

И така, додека се водеше неврзан разговор, и се скокаше од тема на тема, им расправав за средбата со едно момче од лесоквац, со кое се запознав пред лифтот на петтиот кат на болницата „Фош“, каде што тоа работеше и ми велеше, сето радосно, дека најпосле нашло лесна работа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во неврзан разговор се ближевме кон универзитетскиот град Дармштат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Водев неврзан разговор со моите домаќини и со гостинката.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Само неколку дена пред отворањето на изложбата во Палацо Граси, г-ѓа Дишан даде едно ексклузивно интервју за еден италијански новинар.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во неврзаниот разговор таа му раскажала на репортерот како умрел нејзиниот маж, што никогаш дотогаш не го направила.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Знаеш Младене, - чиниш почнува да води некој неврзан разговор, - кај сосетката од спротивната улица во куќата, криејќи дека таа е девојка, им се тутнала некоја распуштеница, а сите мислеле дека е чесна девојка, од чесно семејство.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Неврзаниот разговор го започнаа со заеднички честитки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Неврзаниот разговор прва го започна Анѓа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Разновидни идеи, вклучувајќи и идеи од професионалните научни кругови, можат да бидат изнесени во стил на неврзан разговор, под услов терапевтот да внимава кои од примерите пациентот и другите учесници на терапијата ги одбрале како корисни и потоа го следи нивниот избор (Griffith, Griffith & Slovik, 1990).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мислев дека средбата ќе има некаква цел во врска со најавата од претходниот ден и дека од мојот претпоставен ќе добијам одредени инструкции, но во неврзаниот разговор попусто барав нешто кое би можел да го протолкувам барем како мал дел од она што го очекував.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)