невестински (прид.) - надеж (имн.)

Во ковчегот ги здипли и изнареди и деновите, и неделите, и годините и надежта. Убавата невестинска надеж.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Додека чека, времето за Невена стои: откако ќе слушне што се бара од неа, со зборот „смрт“ во средиштето, таа ќе сфати дека „невестинската надеж“ поминала како и самиот живот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Зборот „вашата смрт“, како оловно зрно го погоди тупотливото срце на Невена, а во срцето и надежта. Невестинската надеж.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)