небески (прид.) - синевина (имн.)

VI Авионот се вивна во небеските синевини на Медитеранот. Под нас остана еден цел свет кој се нарекува и колевка на човештвото, средиште на цивилизации, татковина на човештвото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во далечината на синиот хоризонт се отвораше големото закрвавено око на сонцето. Картагина тивко се будеше од својот митски сон.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Рене минуваше низ градината. Беше лето; зевалиците ја нишкаа небеската синевина, ружите цутеа, милно потсечени.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во небеската синевина поигруваа зраците на сонцето, а утринскиот ветерчок ја мрсеше косата на витките палми.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)