небески (прид.) - свод (имн.)

На планот на “чистата” музика Кејџ сѐ повеќе се враќа кон своите првобитни интересирања актуелизирајќи многу проблеми од своите поранешни дела.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но најпрво откога ќе измешавме сѐ, откога целиот небески свод ќе го удревме наопаку, Метеорот помирливо ќе речеше: - Добро де, будалчиња едни, што сте запнале толку, што е тоа најважно, Сонцето или Земјата, Земјата или Сонцето, сеедно, важно да знаете дека се движат, важно нешто се движи, доволно е толку!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во верзијата Имитации за оркестар без диригент и во делото И така натаму (1973) за оркестар со или без диригент, повторно укажува на хегемонистичкиот статус на диригентот во ансамблот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тогаш го доживувам вистинското враќање, заедничкото враќање на семејството, во расцутената Мајкина душа, во тие бујни јоргованови цветови, задржани пред самото нивно ширење, пред заминувањето кон небескиот свод.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
По порачка на Montreal Festival Society ја напиша композицијата за голем оркестар Atlas Eclipticalis (1961) во која за организација на звукот користеше мапа на небескиот свод со распоред на ѕвездите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)