најубав (прид.) - година (имн.)

Да можат да говорат окнестите камени мостови префрлени преку брзите, бујни реки во Босна или седумте божји храма соѕидани со негови раце во различните краишта на Далмација - многу нешто би можеле да раскажат за копнежите на Аргировата душа во најубавите години на неговиот живот, кога беше полн со сила и полет, готов да ѕида и на самото морско дно, за да види светот што знае и што умее тој.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Работејќи триесетина години врз сиџилите, во битолскиот кадилак (од XV до XIX век), кој ги откри, ги систематизираше и ги преведуваше во триесетте најубави години од својот живот, па можеше да состави еден вид енциклопедија од поимите на исчезнатото време, но ова што сега го работеше со Камилски, можеше да претставува игра од неговите големи соништа на Балканот, како единствен калауз да излезе од самиот себе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Верувајќи дека еден ден, макар предоцна, но секогаш нужно, ќе дојде до еден вид помирување со позитивните текови на исламската цивилизација од XX век на Балканот, по нивното радикално искоренување, како што тоа се случуваше и во Европа по вековните судири, Татко сметаше дека ориентализмите кои живуркаа и не исчезнуваат од балканските јазици, можат да бидат значајни елементи за поцелосна реконструкција за вредностите на некогашниот соживот, кој сам по себе содржел елементи на соживот, кои биле интегрално збришани во војните на XX век.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Минливоста, но во поинаква смисла, не разниша и ние – од луѓе во најубави години, сега веќе пловиме низ шестата деценија.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А таа, стројна жена во четириесетите најубави години, како да му го слушна мрморењето и клетвата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мислам дека најубавите години од младоста ми беа подготвителна фаза за ваквиот чин.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Попусти беа моите обиди. Постојано се распаруваше нешто во мене.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа беа најубавите години за неа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Уште во оние, најубави години, јас требаше да го видам дефектот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Погледот на Самуел Ароести, мојот дедо по мајка, покрај кого натерани во трк одат неговата жена, мојата баба, нивните две ќерки, никогаш незапознаените тетки и други, непознати луѓе претворени во вечно живи филмски сенки.  Поручникот со презир погледнува во Хана Голдблум, која меѓу униформите стои исправена, и на ќерка ѝ, ѝ се чини, ненадејно и силно извишена, облечена во својата долга домашна наметка, вита и издолжена како во најубавите години од нејзиниот живот.  „...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Ќерка ми е мојата гордост”. „Вашата гордост има чифутско потекло.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се враќав на Балканот посиромашен за неколку најубави години од животот, далеку од семејството во егзил, кое ми беше мала, незаменлива татковина, но побогат со ново искуство во животот, со нови пријатели.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пелагија тоа најдобро го знае и ѝ кажува на мајката Перса со топол глас Во најубавите години Богородица истури гнев врз мојата Добра и врз мене, рано ја загубивме нашата мајка, не беше сведок на сеопштиот срам, а натаму низ животот бевме благословени со неколку мајки.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кога поминаа најубавите години во животот, кога израснаа бајчињата во човечиња - машкото во мажиште, женското во женче полично од мајка си?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Можеме да речеме, добри мои, годините во кои се појавуваат таквите чувства се најубавите години на младоста, пролет во човечкиот живот.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Стана почувствителен за работите околу себе. Го навредуваа некои предмети кои порано не ги ни забележуваше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше во најубавите години кога се знае и се чувствува полната вредност на животот; ги победи сите противници и беше помоќен од кога и да е порано; со длабочината на својот пад можеше да ја мери височината на својата моќ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не се врати ниту во Цариград, каде што, во зенитот на својата младост и на својата моќ, можеби и ги мина најубавите години во животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)