најтежок (прид.) - време (имн.)

„Нѐ донесоа овде со првата група, во зимата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од раскажувања знам кои беа тука, каква им беше живеачката, та затоа од возбуда ми треперат колената и полека, небаре се пробивам низ некоја голема мрачна сенка, пред очи ми се јавува сеништето на болните спомени што како наследство ми ги оставија моите родители и многу други кои во Перењас ги поминаа најтешките времиња по своето искоренување од родното место.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нацијата, како и хиндуската Кали, бараше постојано истребување на непријателите (демоните), биолошко прочистување и тајна заклетва дека и во најтешките времиња на мирот не смее да се заборави суштината на таговското постоење: убиството.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
„Понекогаш најубавите нешта се случуваат во најтешките времиња,“ рече, и погледна во својот стомак.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега се најтешките времиња, треба многу да се внимава...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)