најстар (прид.) - време (имн.)

Такви системи наоѓаме од најстарите времиња (нпр. микенско грчкиот), а во денешно време можат да се најдат во амхарскиот, чероки јазикот и во јапонската кана.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но не е лесно да се разбере суштината на оваа идеја која го следи човештвото уште од најстарите времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Историјата бездруго познава такви табиети од најстарите времиња до денес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И сигурно табиетот да се владее останува речиси ист?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Впрочем уште од најстари времиња, низ многулетијата, меѓу македонците има многу познати филозофи. * * * Набљудувачкото око на македонците ги знаеше причините поради кои: веке одамна беше зрело и презреано решавањето на македонското прашање за влез во Европската унија каде географски припаѓаме.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Таа беше како травертин, онаа тврда материја која беше настанала од талогот од варовните топли извори, па уште од најстаро време служел за одличен градежен материјал, од кој е изѕидана црквата Свети Петар во Рим.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Со помош на раскажувањата на прабаба ми Трајанка на необичните приказни од најстарите времиња, го одвиткувам превезот на историјата овде во селото Рајчани на македонските простори. ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Прстите на старецот си играа со мојата коса. Пламенот ми ги полнеше ноздрите со густа топлина а земјата под мене беше сува и тврда.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш повеќето домаќини носеа околу ушите жолти или црвени шамии, некаква православна чалма што ги брани од студ, и така сите имаа глави како наголемен желад, плод од џиновски шуми какви што биле во најстарите времиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)