најразличен (прид.) - начин (имн.)

Без познавање на контекстот, тој знак може да се „чита” на најразлични начини - некој копал / некој ќе копа / некој токму копа / некој расчистил / некој сопрел / некој препречува одрон - или дури (како што откривме во натпреварот за најапсурдно толкување на знаков) дека некој се обидува да отвори чадор по ветровито време! Маргина 36 191
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Таа намера го тераше да смислува најразлични начини како да ја оствари, но на сите патишта пак му се јавуваше потребата од посредник.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се обидуваше на најразлични начини некако да ги состави расфрланите парчиња на својата потсвест.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Основната цел на капиталистичката демократија е апсолутна власт на мала одбрана група луѓе врз контролираната маса која на најразлични начини ќе се индоктринира и ќе се манипулира преку сапуници, кич музика, циркузијадни естрадни фаци и секаков шунд кој се наметнува преку медиумите кои се под нивна контрола.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)