најпознат (прид.) - во (предл.)

Оти кога им ги покажувам потписите што ги носи мајка ми за мене и за брат ми од големите, најпознати во светот глумци, речиси и не ми веруваат дека се вистински автограми, и тоа баш со нивна рака потпишани.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Порано помалку ми веруваа, а јас повеќе се нервирав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Пајтони, во полноќните часови, можат да се сретнат и во најбучавите градски улици, полни со веселници, најверојатно од ноќните локали, а меѓу нив и од најпознатиот во стариот град - „Крокодил“, каде што сè до раните утрински часови се игра и се пее, а не верувам дека на друго место да може да се види и - „поразголен“ стрип-тиз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Штутгаржанинот се гордее со тоа што во неговиот град се наоѓа најдобриот балет во Германија и најпознат во Европа, по рускиот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)