најмал (прид.) - ситница (имн.)

Неговиот остар глас и строгите барања до најмала ситница да бидат извршувани неговите наредби, па и острите казни, лесно и брзо ги забораваа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И најмала ситница може да те издаде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еден збор, еден поглед, најмала ситница можат понекогаш да предизвикаат бура во нашата душа!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
За било што, за најмала ситница, подвикнуваше и се расправаше: гласот ѝ беше писклив, крикав како на птица грабливка.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но штом ќе им згусти и за најмала ситница, кому ќе му се поплачат?“
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Вероника умее да пее за секоја најмала ситница, за секој најобичен детал од животот, дури и за оние најдосадни мигови во кои е вплеткана работејќи една чисто техничка работа.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Можеби поради тоа што така несреќно заврши нејзиниот живот памтевме се, и најмала ситница од нејзините особини, дури и сосема неважни работи.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Крајно изреволтирана, спремна на кавга дури и за најмала ситница, влегувам во автобусот и замислете куриозитет - шоферот ја пуштил The Unforgiven од Metallica и тоа ја рокнал до даска.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Иако ѝ беше најтешко да се навраќа на судбоносните настани што следеа, додека беше во домот на родителите на Хелвиг, Марија намерно, свесно сакаше да длаби по нив, да ги разглоби до најмала ситница.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Потоа почна подетелно претресување по вагонот, собирајќи ја и најмалата ситница по нивните торби и џебови.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)