најмал (прид.) - рака (имн.)

Згора на сè, како единствен правник во оваа установа, таа на сите вработени им беше како „десна рака“ за сите правни прашања, работејќи ја кадровската евиденција и целата кореспонденција со судовите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Откако нејзе, во мај 2009, предвремено и завршува директорската функција поради промени во политичките констелации на тогаш владејачката коалиција – од која е разрешена со владино Решение бр. 33-2908/1, нормално, таа очекува да го добие „старото“ работно место што го имаше пред назначувањето на оваа позиција, иако потсвесно насетуваше дека, во знак на реваншизам, може да не ѝ се додели токму тоа место – но, сепак, во најмала рака да добие работно место како правник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
ЕСЧП, во точката 52 од својата мериторна одлука, луцидно го појаснува ова право и вели: Овој Суд смета дека е [наполно] бесмислено Конвенцијата да регулира како [да] тече постапката за таа да биде правична, брза и сл. – доколку, претходно, не го обезбеди круцијалното [човеково] право на суд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, ако законските одредби, барем оние во сферата на инспекцискиот надзор, се во најмала рака добри и коректно поставени – тогаш, вината за нефункциони- рањето на овие контролни механизми не може да ја бараме во законот, туку исклучиво во човечкиот фактор, поставувајќи си го болното прашање на сатиричниот Јувенал за тоа: Quis custodiet Custodes – Кој [ни] ги чува чуварите? 2.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, Судот од Стразбур, со пресудата Креуз vs Полска 28249/95 од 29.V.2001, веќе го санкционираше прекршувањето на човековото неприкосновено „право на суд“ за сметка на правото државата да си ги наплати судските такси.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Искуството на болка не мора да биде само физичко.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За да прифатиме нешто ново и поинакво потребно е исто така во најмала рака да го преструктуираме сопствениот свет или дури делумно да го поништиме.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се покажува дека една практична работа, како што е јазикот, не била пречка Пандил да му биде зет на Вангела, но доколку се работело за различна вероисповед, тоа ќе било невозможно или, во најмала рака, неприфатливо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ми се налути затоа што од него побарав нешто за што не разбрав дека не е подготвен да го направи, а мојата балканска душа веруваше дека тоа во најмала рака ќе го расположи, ако веќе не го израдува.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Јас се уште го сакам исто како и кога бев мала со таа разлика што сега знам дека тоа не беше поради подароците што ни ги носеше, туку заради радоста што неговото присуство ја будеше во нашата куќа!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Притисокот да се отфрли замислата дека можат да постојат употреби на зборовите кои не се раководени од правила, доаѓа од барањето наметнато од самиот факт дека јазикот 62 Margina #15-16 [1995] | okno.mk е јавен инструмент на комуникација.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во најмала рака, ова го наметнува барањето дека сè што се смета за израз од јазикот мора да има улога која може да се спецификува преку она што се прави или што може со него да се направи во јазикот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Реката на автомобили која се движи кон морските магистрали и натаму тече, во најмала рака како пред нас да е летото.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Крајниот резултат е, во најмала рака, онолку ужасен колку што е ужасна состојбата против која што тој отпрвин служел како одбрана.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но на Изгубените деца, во најмала рака и им наликува едни на други да си пружат малку топлина, во случај воопшто да им останало малку сожалување и сочувствување.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
— Море, нели има јагниња, госје колку сакаш — со гордост одговори Бендерот, небарем тој беше самиот чорбаџија Сиве, иди, во најмала рака, неговиот наследник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се чини, во најмала рака, дека таа за ручек можела да нарача гambas a la plancha наместо chipirones, или вино tinto наместо blanco - „Со chipirones?
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Соросоидот, најверојатно, генетски потекнува од некој кодош во историските војни и во најмала рака би требало да биде абортиран, но не сакајќи ја здогледал светлината на денот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Се исплаши кога филмот почна а до неа не седнуваше во најмала рака никој.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
“ пишуваше дека „носењето на рамни линии со себе би морало, во најмала рака, да биде морално забрането“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Еко-архитектурата секако не е оригинална идеја на Хундертвасер, но него во најмала рака може да го сметаме за двигател, унапредувач на таа идеја.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Пет и Бол веруваат дека марихуаната, во најмала рака се однесува како еден дел од овој креативен процес - фазата на увид за време на која субјектот доживува чувства на разбирање на работите и восхит поради тоа откритие но, затоа што основата не била подготвена, целокупната ситуација е лажна.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сеедно што математичката поетика сѐ уште не е во целост конституирана научна дисциплина, фактот дека денес науката се бави со математичкото моделирање на поетскиот јазик и фактот дека веќе алгебарски структури толкуваат поетски структури во најмала рака – вознемирува!
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Трето, изземањето на вработените во јавните установи и телата на јавната администрација е во најмала рака конфузно, ако се знае дека ЗРО е фундаментален закон (lex fundamentalis), кој се применува на сите работници во РМ, без разлика на секторот во кој тие работат. 4.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Што се однесува до случајот со момчето што го фати обезбедувањето во мојот двор, навистина нема што да се објаснува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Така настанува матежината. А во таквата матежина единствените добитници се криволовците“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Повеќе ме загрижува претурањето од еден сад во друг на она што еднаш веќе било налеано, бидејќи претурањето збунува, или во најмала рака укажува на замешаност на повеќе интереси.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како старомоден лекар тој повеќе сакаше да ги посетува своите пациенти отколку тие да му доаѓаат во неговата нова канцеларија, а модерните лекарства кои правеа чуда ги гледаше со скептицизам, или во најмала рака кон нив имаше универзален однос и штедливо ги користеше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Еден начин на кој можеме погрешно да го разбереме насловот е да го читаме како да значи дека на конференцијата ќе има разговори за терапијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ако го читате на тој начин, тогаш читањата на формалните написи и задолжителните јавни настапи како што е овој - во кои јас стојам зборувајќи овде додека вие седите таму и слушате (или барем се преправате) - можат да ви изгледаат во најмала рака несовпадливи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Можеш да го правиш тоа на начини што во суштина и по стремеж ѝ припаѓаат на средната класа: да пееш со снимки од бродвејски мјузикли, да распоредуваш цвеќиња, да собираш предмети, да одиш по клубови или едноставно да си го разместиш мебелот баш така. (Оттаму и вицот: како знаеш дека лебарките ти се геј?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, жените треба да смислат како да ги искористат, ако можат, престижноста и општествените придобивки што им ги става на располагање конвенционалната женственост, без да си купуваат угледност по цена на сопственото обезвреднување, на сопствената тривијализација и абјектност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И каде го лоцираме изворот на таа наводна, општоприфатена, вистина дека младич што има разгледница од Џоан Крафорд мора да биде геј- или, во најмала рака, дека никако не може да биде стрејт?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Употребата на јазикот ги исцртува границите на културата: култура, во најмала рака, се состои од поединци кои го зборуваат истиот јазик.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во најмала рака, на почетокот на март некој што имал пристап до тие информации му ги испратил по е-порака на Мичиген ривју, конзервативното списание на кампусот поврзано со Нешнал ривју и со националната мрежа на десничарските студентски изданија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Самото поимање на културата, особено во неговата класична, антрополошка формулација од деветнаесеттиот век, претпоставува средишна, дури и основоположничка улога на јазикот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Културните групи ковенционално се идентификуваат во однос на јазичните заедници.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеш да дојдеш до живот во гламур преку секс во најмала рака така што ќе уживаш во непопречувани сексуални задоволства со незнаен број посакувани луѓе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во најмала рака, нема ништо едноставно и приземно во оној вид смеа што доаѓа од оние публики што машката геј-култура ги научила да реагираат на ужасни или трагични ситуации со толку неодмерен, збунувачки уренебес.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во најмала рака, искушение е да се шпекулира дека камп-вредноста на таа мелодраматична епизода можеби лежи во нејзиниот повик до геј-мажите безопасно да се вратат на сцената на една слична траума (било вистинска било замислена): траумата на протерувањето од мајчиното присуство и од жариштето на нејзините благост, дозвола и општествена потврда.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во најмала рака, него го подриваат самите поими со кои е артикулирано.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На крајот, заклучува Милер, Циганка (особено катаклизмичната завршна нумера, Обратот на Роуз) не допушта никаква можност ниту за „помирување“, ниту за „избор... меѓу обожаваната мајка која ни чува место и омразеното чудовиште што нѐ лишува од него). (120) ‌Искушение е да се изнесе сродно тврдење за геј-привлечноста на кулминацискиот судир меѓу мајката и ќерката во Милдред Пирс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А тоа значи дека феминистичката политика зависи од можноста да се гледа на родот како на улога, како на изведба, како на нешто што не е природно и автентично.397 Машката геј-култура, како што се обидов да ја опишам, е сосема усогласена со тој проект и му нуди силна поткрепа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се враќаш дома, а мебелот ти е пререден).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Учењето човечки јазик е почеток на акултурација и социјализација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во најмала рака, не се срами од геј-срамот – а затоа е и готова да се подзадржи на некои обележја на геј-културата што денес и натаму ги тераат геј-мажите да се срамат и од геј-културата и од себеси.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мора да знаеле дека нивнaта претензија на таков идентитет е во најмала рака сомнителна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А тоа воопшто не е некој лесен трик.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На крајот на краиштата, токму дозволата од мајка му не само што успевала да го одложи, иако само привремено, забранувачкото женско обродување на театарската сцена туку и му дозволувала на момчето да претендира на оној вид општествен идентитет и субјективна целовитост што можел да го достигне само со имагинативна изведба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во најмала рака, има, се чини, веројатност еден од возможните пристапи кон непатологизирачкото, нехомофобично сфаќање на машкиот геј-субјективитет да почива во изучувањето на културните идентификации на геј-мажите, во нивната емоционална вложеност во негеј-општествените и уметнички форми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во најмала рака, феминистичката политика изискува делумна десимболизација и дереализација на женственоста како што денес се дефинира и како што денес се практикува и се спроведува; таа налага одглобување на женственоста од женството и од женскоста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Требаше да ме видите како минував низ Широк Сокак кога корзото на големо беше во тек, со патната торба во десната рака и со неколкуте големи парчиња ѓон во левата што ги стегав до срце како да се, во најмала рака, чисто злато.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во тој тон препозна дека таквите грешници едноставно за Ружа треба да се прогласат за еретички и да се запалат на клада, или во најмала рака, како лепрозни да бидат изолирани од останатиот свет.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Откако му пристапија сите, почнаа да велат дека треба малку да се подзалее новиот шинел и дека, во најмала рака, тој на сите нив мора да им приреди забава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И навистина, еден коломенски позорникар со сопствени очи видел, како што се разјаснило, зад една куќа привидение; но бидејќи по својата природа бил слаб, така што еднаш обично повозрасно прасе, откако излетало од некоја си приватна куќа, го соборило наземи, на громка смеа на кочијаши што стоеле околу него и од коишто тој побарал по еден грош за тутун поради ваквиот подбив,  и така, бидејќи бил слаб тој не посмеал да го запре, туку така си одел по него низ мракот сѐ додека привидението наеднаш не се свртело и, застанувајќи, не прашало: „Сакаш нешто?“ – и му покажало таква тупаница, каква што тешко ќе најдеш меѓу живите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но уште понеобично е тоа што оттогаш наполно престанало појавувањето на чиновникот-мртовец; очигледно, генераловиот шинел сосема му дошол по мерка; во најмала рака, веќе никаде не можело да се чуе некој некому да му грабнува шинел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како и да било, но во најмала рака, точно е дека чиновникот живеел во најдобриот дел на градот,  според тоа, доста далеку од Акакиј Акакиевич.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Разликата е значајна, бидејќи патолошката сексуалност не подразбира отсуство на оргазам, и обратно, иако во најмала рака звучи парадоксално, постојат непатолошки сексуалности без оргазам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Оние кои умееле да прават стакло и со машини да подигнуваат и придвижуваат огромни камени блокови мора, во најмала рака, да 54 имале доволно памет за некое нешто да не го сметаат истовремено за него самото и за неговата спротивност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Индиферентноста кон системот, логично, секојдневно ме соочуваше со извесен облик на смртта или, во најмала рака, со сопствената егзистенција.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Лично знам дека заедничката работа често носи мошне деликатни проблеми, а знам и дека ти лично имаш во најмала рака двојни искуства од заедничката работа.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Гардиските капетани, локалните политичари, портирите в општина, фудбалерите од локалниот клуб, проститутките... ( оние погрдите и постарите секако, посочуваше Дејан), сите му беа другарчиња или во најмала рака блиски познаници.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
РЕВШИН: Вашата забелешка во најмала рака е анархична, но сепак стрпете се.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Од друга страна, кога интервјуто би било класично (разговор, диктафон и сл.), не верувам дека воопшто би можело да биде изведено, согласно со рамките најпрво на мојот, а потоа и на твојот идентитет; емпириски е докажано дека таквиот разговор со малку среќа во најмала рака би завршил со непријатна тишина, со раскинување на сите договори и чекање евентуално да се признае сопствената грешка, до следниот чекор, контакт.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ваквото нејзино однесување во најмала рака ми се чинеше чудно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Значи таа не беше во тек со авантурата во која се беше упатила.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа, токму затоа, сметам дека таквите укажувања што ми се упатуваат крајно се несериозни, а одлуката на Главниот штаб јас да не командувам со текот на операцијата, туку прв да го напуштам Грамос и да заминам за Вичо, во најмала рака, другари, е навредлива и потценувачка...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)