најмал (прид.) - подробност (имн.)

Затоа беше смирен, колку и да беше погубен за сите нас гласот од радиото: – Планот за уништување на козите е разработен и до најмалите подробности, на високо републичко и највисоко федерално ниво.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сеќавањата ѝ навираа до најмали подробности.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Понекогаш се плашев да не ги заборавам нејзините црти, или и најмала подробност поврзана со неа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)