најлош (прид.) - случај (имн.)

Не, тврдењето на Рајна дека дед Павел се фркнал, беше една голема произволност што во најлош случај може да те растажи ако веќе не те засмејува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А кон тврдењето на Огнена што Даскалов се обидуваше да си го разјасни, ми се причини дека ја придодаде и претпоставката дека во најлош случај, во колку Ѓурчин лично и ги погазил принципите за кои толку многу се застапуваше, тој сепак не бил иницијаторот или единствениот виновник.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Најмногу, по овој заклучок, може да следи Орден на трудот од трет, последен, степен, или, во најлош случај, Медал на трудот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во најлош случај, таа од галеријата со другите ќе замине на вечера, а тој ќе нарача да му донесат нешто лесно во собата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Можеш да ги пцуеш, помисли, да им речеш дека се страшливци, дека се арамии, а тие ќе продолжат само да ти се поднасмевнуваат будалесто вака спитомени и, во најлош случај, само ќе те надополнат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Помислив: се труди да го прикаже Ѓурчина недолжен дури и ако учествувал во овој настан. (Тоа најмногу ме изненади).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ѝ реков: „Рајно, Рајно, зошто си толку злочеста.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Впрочем, Тангер беше оддалечен неколку часа; дури и главниот пат на брегот (на кој можеби би имало автобуси) беше неколку километри од плажата, попладнето си одминуваше, а требаше да се вратиме во Американското школо на вечера пред моето попладневно предавање кое, со оглед на темата, во најлош случај ќе биде само неразбирливо за Тангерците во публиката, а не и навредливо. Маргина 34 71
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)