најлесен (прид.) - начин (имн.)

Така, мене ми изгледаше природно да се повтори претставувањето на ова енергетско поле; инаку би западнале во истата стара грешка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Педагошки зборувајќи, „музеификацијата“ може да биде најлесниот начин да се прикаже Бојсовото дело.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој го имаше предвид начинот на кој делата беа инсталирани; тој целосно ги објаснуваше своите идеи во овој однос, опишувајќи ја нивната позиција и меѓусебен однос, како тие треба да бидат сместени, и како да бидат изложени во иднина.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа им е најлесниот начин да дојдат до нос.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Човекот прв пат во својата историја доаѓа до личен впечаток дека душевното доживување може да се предизвикува по желба, а дека дрогата е најлесен начин да се дофати друга реалност, било како засолниште било како инспирација за уметничко творење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Труди се да го најдеш најлесниот начин, откако ќе го воочиш најтешкиот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
13 СЕКСУАЛНАТА ПОЛИТИКА НА ЖАНРОТ Да им се навратиме на двете сцени од Милдред Пирс и Најмила мамичке.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сега, кога сме во состојба да им ја ситуираме геј-привлечноста во поширокиот контекст на сексуалната политика на културната форма, можеме да почнеме да наѕираме еден средиштен елемент во геј-реакцијата кон оние сцени што ги запоставувавме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Клучот за сфаќање на логиката на присвојувањето на двете сцени од страна на геј-културата, излегува, може да се најде во еден едноставен и основен факт – макар што е парадоксален: целата драма на судирот мајка-ќерка е судир во кој, по дефиниција, мажите се отсутни.299 Најбрзиот и најлесен начин да се долови целото значење на тоа отсуство е да се размисли колку би бил различен ефектот на двете сцени, нивните значења и нивниот прием да не прикажуваа мајка и ќерка, туку татко и син.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но при секоја од овие загуби неговата душа излегуваше победничка.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И длабоката изгубеност во која Толстој ќе се најде траеше долго време, дури и кога беше женет и татко на семејството за што тој раскажува неколку страници подолу: Јас морав да ги кријам врвците за да не се обесам кога минував помеѓу креденците во мојата соба каде што ќе се најдев секоја вечер соблекувајќи се, и престанував да одам на лов со мојата рушка за да не се обидам на најлесен начин да се ослободам од овој живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сакаше во својот замислен проект да ги поврзе заедничките обележја на народите во полуостровот во пресудните времиња на падовите на империите и раѓањето на новата надеж, кога веруваше дека на најлесен начин ќе се создаваат ментални мостови кои ќе водат од еден кон друг народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Што се вели, го пронашла најлесниот начин да ги доарчи сите пари што ѝ останале од калапењето тутун.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)