најдобар (прид.) - желба (имн.)

И пак: Беше пладне, а небото по кое се ширеа првите пролетни мириси се затемни многу и над градот падна студена сенка, та секој што погледнуваше кон небото, гледаше илјадници јата од ангели со сиви крилја што доаѓаат од онаму кајшто се беше упатило сонцето во тој кобен ден, што се источуваа од западното небо и за кратко го прекрија сводот, та клепајќи силовито со крилјата, додека беа во мал број создаваа студен ветрец, а потем, како што бројот и силата им нараснаа и како сѐ се стемни од нивниот недоброј, произведуваа сѐ посилен, студен виор што доаѓаше од небото и креваше прав во Градот, а од околните пустини носеше песок што во тешки пердиња, потешки од оние што висеа на самиот влез од Светијата над светиите во срцето на Храмот, се движеше кон Градот, а секој дванаесетти ангел во раката носеше шофар1, до трипати свиен, и дуваше во него, а не беше ни Јом Кипур, ниту Рош Хашана, туку сѐ личеше на Шоа2, сѐ додека луѓето растрчани во паника низ уличките на Градот не ги стегна неиздржлива болка во главите од звукот на ужасот што доаѓаше одгоре, се ширеше низ небото и јакнеше како што се појавуваа нови ангели со сиви крилја и студен поглед и дуваа во роговите сѐ посилно, додека не се обруши северниот бедем на Градот, не падна Бет-лехемската капија3 погубувајќи многу луѓе, а Ѕидот на плачот не напукна и од пукнатините не се појавија капки, како и ѕидот да го оплакуваше засенувањето на Градот над градовите, на Градот на Мирот, на Светот Град, зашто мир веќе немаше и светоста ја затемни кобна Сила од која сѐ ечеше и кричеше и луѓе гинеа, и деца врескаа и старци веќе не молеа, а колнеа, и болка и чемер се ширеа на сите страни, а ридот на Храмот се раздели и во утробата негова се покажа арката со Заветот Мошеов во неа, осветлен од огромна деветкрака менора чијшто пламен фати да гасне, крак по крак, од силниот ветер што носеше сѐ пред себе си, сѐ додека не останаа само три од деветте пламени осветлувајќи го ужасот и Арката онаква каква што е опишана во Тора4, украсена на капакот со двата златни херувима свртени еден кон друг и допрени со златните крилја преку главите спуштени во богобојазлива смерност кон земјата, та штом заветниот Ковчег наеднаш силовито се отвори, виснаа удолу со лицата свртени кон осквернавеното небо, а двете плочи со Декалогот5 се покажаа од внатре зрачејќи со блескотна светлина, единствената светлина во смрачениот ден, единствената надеж среде уништувањето и стихијата што ништеше сѐ и од која страшно се засенуваше Домот од мечите на секој Јехудим, раселен низ светот, но и на секој населен тука, додека во ужасот на Шоа згинуваше светиот град, додека во ужас умираше Јерушалајим! Цви Корец во ужас ги отвори очите и одново се најде во карцерот број 84 на затворот во близината на Виена, се крена од мократа перница и се исправи на затворската постела, испотен по веќе видно стемнетите подочници и по ќелата од која со бело шамивче ги избриша крупните капки пот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Lag Baomer движен празник што се паѓа 33 дена по еврејската Пасха
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Честитки, најдобри желби на овој среќен ден!  19 Песна над песните 7:7 20 Песна над песните 7:11
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Korban курбан, хебрејска ( ןברק ) ритуална жртвена понуда
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Mazel tov! извик на честитање со значење: „Сѐ најдобро! Честито! Најдобри желби на овој среќен ден!“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)