најгорен (прид.) - кат (имн.)

Кулите, и ден-денешен го имаат тогашниот изглед: надвор немаат балкони и покриени се со старовремски ќерамиди; внатре, пак, на најгорниот кат, имаат една единствена одаја со четири, на секоја страна по еден, големи шимшир прозорци и камени поѕидоци - миндерлаци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Стварноста го врши својот притисок само преку потребите на секојдневниот живот - потребата да се јаде и да се пие, да се има засолниште и облека, да се одбегне проголтувањето отров, или скокањето од прозорецот на најгорниот кат и слично.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Покрај „вализе-то“ на Марија Мартинс, многу други примероци од Дишановата луксузна едиција беа изложени на оваа изложба, вклучувајќи еден посветен на Кетрин Дрејер, и уште еден на чилеанскиот сликар Роберто Мата Ехаурен, кој заедно со Дрејер ја напиша првата книга за „Големото стакло“(12).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Една од најголемите простории на најгорниот кат на Палацо Граси беше искористена за изложување на Дишановото „вализе“ и голем број оригинални слики репродуцирани во оваа комплицирана и прецизна збирка, обесена по ѕидовите што го опкружуваат експонатот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од најгорниот кат се спушташе по скалите и ѕвонеше, од врата на врата, а луѓето нишаа со глава и не знаеја кој би можел да има таква соба.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Вечерта, кога му раскажуваше каде сè била, на мајтап му го спомна и оној стан, какви што во тоа време имаше на секој најгорен кат изграден нерегуларно, а ги викаа „чардак ни на земја ни на небо“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Додека не стигне до трисобниот комфорен стан на најгорниот кат, жена му има време уште еднаш стравствено да се прилепи до телото на младиот љубовник, да го турне во лифтот, да се врати во станот и да чека две минути, три.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Набргу по заминувањето на внучињата на Петра и Костадина, работниците слегоа до последниот кат, Пелагија и другите го симнаа сето ѓубре од најгорниот кат до првиот, го собраа на куп пред самата зграда и додека ги зачистуваа пенџерињата и вратите, поминаа неколку комисии врзани со приемот на зградата, па почнаа да се точкаат сопствениците на становите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Вотната во партизанските пантолони на Димостена и забрадена во една ветва шамија копаше дупки по падините на Водно, и така облечена со тезгере влечеше малтер до најгорниот кат на егејската зграда, само сега не мора така да се облекува, убаво ѝ стојат било какви фустани.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пелагија се одзатна по недела две, веќе пролет и наместо во тутунскиот комбинат, таа работеше на довршување на зградата во која и живееше, со една друга кутра женичка во тезгере влечеа малтер до најгорниот кат, тогаш со едно пусулче беше викната да се јави во поштата и таму ѝ го вратија пакетот наменет за Димостена.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Најгорниот кат речиси беше готов, становите, иако личеа како јајце на јајце, како што се завршуваа, така добиваа некоја своја индивидуалност во зависност од тоа дали имаа балкони, дали пулеа на југ или север, на исток или запад, колку големо ходничето што ги собираше вратите од просториите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Без да се сврти знаеше дека е Теми: „Таму некаде“, покажуваше вдесно кон сивата маглина од каде што изронуваа контури на најгорните катови, „некаде таму е нашата населба.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Само на места изронуваа најгорните катови од некој солитер.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)