најголем (прид.) - просторија (имн.)

Покрај „вализе-то“ на Марија Мартинс, многу други примероци од Дишановата луксузна едиција беа изложени на оваа изложба, вклучувајќи еден посветен на Кетрин Дрејер, и уште еден на чилеанскиот сликар Роберто Мата Ехаурен, кој заедно со Дрејер ја напиша првата книга за „Големото стакло“(12).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во најголемата просторија на штабната барака, на една маса поголема од билјардска, беше изложена мајсторски изработена и технички прецизна макета на идниот хидро-енергетски објект, на кој се гледаа сите фази и сите детали на градбата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Една од најголемите простории на најгорниот кат на Палацо Граси беше искористена за изложување на Дишановото „вализе“ и голем број оригинални слики репродуцирани во оваа комплицирана и прецизна збирка, обесена по ѕидовите што го опкружуваат експонатот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во првата помала просторија беше неговиот работен кабинет кој водеше во најголемата просторија приспособена во библиотека со десетина високи сталажи како во сите градски библиотеки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)