најголем (прид.) - опасност (имн.)

Меѓутоа, малите балкански држави во реформиве видоа најголема опасност за своите претензии во Македонија, па заедно со ТМОРО се спротивставија против нивното оживотворување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, најголемата опасност лежи во погрешните видови печурки.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Најголемите опасности лежат во користењето нечисти игли при интравенозна употреба или кога се земаат големи дози по период на апстиненција.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таа нѐ поттикнува личното да го правиме стварно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нѐ прави одново рамнодушни кон начинот на кој нѐ гледаат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И ни овозможува пристап до извор на лично значење преку кој ќе си го осознаваме животот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму тука е најголемата опасност на романтичната љубов.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сркачите на кафе на плоштадот во Сиена задолжително фрлаат поглед кон фонте Бранда – со едното око ги гледале историските папско-царски и богаташки промендани, а со другото око, ептен ококорено, ја пулеле сегашноста низ белите гради на сиенските моми кои се враќале од вода со раскопчани елеци, баш како во старите македонски песни.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Е, тогаш постои најголема опасност воајерите од плоштадот во Сиена да добијат проширено срце, што веднаш им се познава по заруменетите лица, а овде со векови наназад никој не црвенее од срам.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)