најголем (прид.) - несреќа (имн.)

Наеднаш го слушна како се накашлува. Ѝ соопшти со нагласена сериозност: „Најголемите несреќи на луѓето им ги приредуваат недоразбирањата“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Често на патот низ Албанија ми се споменуваше космополитизмот како најголема несреќа на буржоаско-империјалистичката идеологија за човештвото, а за комунистичките Албанци посебно ...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
По резултатите што ќе се добијат од сегашното востание, последново ќе може да се нарече една од најголемите, ако не и најголема несреќа за нашиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Последните негови напишани зборови биле: „Постојат две најголеми несреќи на светот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Би било најголемата несреќа што би можеле да му се случи нему тука тоа надвладување и цибрината; пред неа сè го губеше своето значење и стануваше сосема ситно, а тој остануваше празен и бесцелно зашуткан среде таа снежна тишина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога мирно го ислушав му реков оти е најголема несреќа да се врзуваме за оние мисли што ни ја поткопуваат радоста.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Наполно допуштам, дека ти беше среќен со мене, затоа што и во најголемата несреќа таков голем егоист, каков што си ти, секогаш ќе ја најде за себе сигурната поткрепа во самиот себе.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)