најголем (прид.) - мака (имн.)

Арам да ми е вака што зборувам, ама од тој смрдле и селанчиште не ќе барав спас, да не беше најголемата мака што ме јаде, оче.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Овде-онде се издигнаа некои личности, кои што благодарејќи на лихварството и на спахилакот, единствени доходни занимања, станале големи богаташи, а близу до нив, цела маса население со најголеми маки и труд одвај може да најде ’ржан леб за да го смири гладот 4.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Продолжуваше да се бори, да ја задржува својата ведрина, да сведочи за својата голема љубов кон животот и кога ги поднесуваше најголемите маки.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сакаше да ми каже, но што? се прашував навреден и веќе сфаќав каква крв имаме ние од Кукулино: не простуваме, тоа е нашата најголема мака што или гроб отвора или до гроб доведува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го нурнав влажното лице в дланки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Новите држави, создадени на Балканот, по падот на Отоманската Империја, не можејќи лесно да се ослободат од деспотската инерција во менталитетите, со примеси на идеологијата, си имаа најголеми маки со судството.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се гордее со тоа што е избран да ги помине најголемите маки што било кога постоеле.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ако се суди по дедовото, а подоцна и по татковото сеќавање, најголеми маки со границата семејството имало особено кога минуваше во делот на езерското гратче Поградец и продолжуваше невидливо во Охридското Езеро за време на Балканските војни, Првата и Втората светска војна, како за време на раскинот на Југославија со Советскиот Сојуз и неговите сателити во 1948 година.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)