најголем (прид.) - казна (имн.)

Јас тогаш се чувствувам бескрајно осамена ѝ напуштена и многу тажна заспивам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога ми е лута, најголемата казна за мене е ако ми рече: не доаѓам да те заспијам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И ваму како и таму, сè посилно чувствува: неговата најголема казна е казната на сведочењето на таа отсутност на животот од која не може да се ослободи, сведочењето на испразнетите еврејски куќи, дворови, училишта, маала, населби, на Солун, градот испразнет од децата на Јаков.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Затворениците требаше да се вратат во затворите, меѓутоа Сталин им се смилува, ги ослободи, а тие кутрите, работејќи на каналот, ја доживеаја најголемата казна. Беа повеќе мртви, отколку живи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Заборавив на казната, што значеше и најголемата казна пред една таква убост.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И сега: Низ Гехиномскиот отвор на градските ѕидишта продира ветар со топол, пеколен здив и непопречен од ништо навлегува во градот носејќи зажарен пустински песок што го фрла на сите страни и ги опсипува тесните улици некогаш полни со детски гласови и човечки џагор, сипејќи по куќите што сега ги населува пустош, по палатите во кои царува тишината и храмовите во кои песочни псалми виуличаво испева ветрот, татко на празнината, брат на исчезнувањето, двојник на гибелот...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)