најголем (прид.) - заслуга (имн.)

За интересирањето на уметниците за материите кои предизвикуваат психоделични промени на свеста можеби најголема заслуга има Олдос Хаксли, кој вели: “...едно сончево мајско утро проголтав четири десетини од грам мескалин растворен во вода и седнав да ги чекам резултатите”, потајно надевајќи се дека ќе успее да ги посети световите кои на Блејк, Сведенборг (Swedenborg) или на Јохан Себастијан Бах им беа дом.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не знаеме како тогаш, во Смилево, реагирал и Анастас Лозанчев, претседател на Окружниот комитет, кој, како што е речено на друго место, е еден од тие раководители што имале најголеми заслуги за форсирање на востанието.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Стег, како и некои други конзули, најголема заслуга за тоа што во Солун не биле извршени големи масакри му припишува на валијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој беше целиот светнат: доправките во Куршумли-ан завршиле и сега сите дубровчани се среќни што имаат свое засолниште, а тој пак начисто гори, зашто најголемите заслуги се негови.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
За да останам буден најголема заслуга имаше вашата упорност а потоа и оној страв во мене, што го побудуваше вашето неодмерено инсистирање!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели сепак е редно да ги признаам овие околности, или поточно да ги имате и вие предвид - реков јас.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А можеби и не реков; можеби само успеав да слушнам дека размислувам!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Татенцето беше восхитено од Кејтеновото однесување, со право си припишуваше најголема заслуга.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но, неговата најголема заслуга е што успеа да внесе ред меѓу луѓето и водите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
За спасувањето на колекцијата најголема заслуга имаше Цветан Горски, кој успеа во годините на фашизмот, со блиските на Игора Лозински, да ги спаси драгоцените експонати и по војната да ги оживее во единствен Музеј во светот и на Балканот. Но, тоа не би лесно.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)